Од партијата ДУИ информираат дека веќе се сигурни за победа во три општини. Станува збор за Сарај, Липково и Пласница, каде од партијата на Али Ахмети тврдат дека извесно е дека победиле нивните кандидати за градоначалници.
-Според прелимирнарни резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има предноста во сите други општини каде учествува со свои кандидати и можам да кажам целиот дел е озеленет. Според првичните сознанија, ДУИ е во предност на пример во Чаир. Во Куманово соодносот е 3-1 за ДУИ. Трендовите водат кон голема победа на ДУИ, изјави Бујар Османи.
Тој исто така оцени дека биле спроведени мирни, фер и демократски избори како што и доликуваат на држава која е земја-членка на НАТО.