Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи и Реџепи со заеднички повик за политичка консолидација на прогресивните сили во земјава

0
By Ivana on November 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметам дека пратеникот Реџепи направи мудра политичка одлука и со своето политичко делување го зачува евроатлантскиот курс на земјата, не дозволувајќи притоа загрозување на процесот на интеграции во еден чувствителен период кога се очекува да бидат донесени клучните одлуки.

Со особено задоволство прифатив да упатиме заеднички повик за политичка консолидација на сите прогресивни сили во земјава, со цел искористување на претстојните можности кои ги нудат зимските самити на ЕУ а со цел остварување на стратешките цели на државата.

Ова го пишува на официјален фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи кој утрово на иницијатива на Кастриот Реџепи имал средба со пратеникот, на која го запознал „подлабоко и пошироко со процесот на европски интеграции, и последните состојби во надворешната политика“.

– Покрај актуелните севкупните состојби, информирав и за впечатоците и пораките добиени од последната посета на Брисел, како и за пораките со кои изминатава недела во Скопје пристигнаа премиерот на Холандија, Марк Руте, како и новиот сојузен министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Линхарт. Очигледна е зголемената политичка активност од страна на голем број меѓународни пријатели, кои се насочени во создавање нова иницијатива со која би се одблокирал процесот на проширување на Европската Унија, наведува Османи во фејсбук статусот.
Реџепи е пратеник на Беса кој не се појави на собраниската седница за доверба на владата, за што иницијатива поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На прес – конференција во понеделникот изјави дека самоволно се засолнил на денот на гласање со цел да не се доведе до нарушување на процесот на евроинтеграции на земјата што е спротивно на неговите идеолошки убедувања и стратешката цел дадена од граѓаните. Тој тврди дека Беса се уште е дел од Владата бидејќи засега одлука за напуштање на владеачката коалиција нема.
За денеска најавена е средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која ќе се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.