Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи најави нови објекти во Атина и Анкара и реновација на старите од дипломатско-конзуларната мрежа во светот

0
By Mirjana on October 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи почна проект за ставање во функција на имоти наследни од поранешна СФРЈ во нашата дипломатско-конзуларна мрежа, при што ќе бидат реновирани повеќе објекти кои се користат како дипломатско-конзуларни претставништва, а ќе се градат и нови згради на амбасадите во Атина и во Анкара, за што се одобрени средства од Владата, најави на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој информира дека со одлуката од пред две недели на заедничкиот Комитет за сукцесија на листата на имоти кои претходно ги доби државата од сукцесија на имотот на поранешна Југославија е потврден имотот во Бразилија, Њу Делхи и во Трст, со што се зголеми листата покрај објектите во Париз, Атина, Камбера, Хараре, Њу Делхи и Рим. Повеќето од овие имоти остануваат неискористени, додека државата плаќа кирии и заеми за амбасади и за резиденции на амбасадорите.

– Владата ги одобри овие финансиски барања и МНР веќе почна проект за реализација на следните фази и тоа – во Атина се гради нова Амбасада, каде ќе биде сместена не само Амбасадата, туку и Културно-информативниот центар, резиденција на амбасадорот и станови за дипломатите, со што околу 150 илјади евра годишно се трошат на овие ставки и ќе бидат заштедени, затоа што ќе имаме наш објект кој го добиваме како дел од поранешната амбасада на Југославија. Вредноста на овој проект е околу милион и триста илјади евра, нагласи Османи.

Проектот, како што посочи, е веќе започнат и е во фаза на проектирање, и се очекува наредната година да почне изградба на амбасадата во Атина. – Имајќи ги предвид новите односи со Грција, стратешкото партнерство, сметавме дека особено е значајно во Атина да имаме наш репрезентативен објект, каде дипломатите ќе можат да ги завршат своите активности, рече Османи.

Следниот дел од проектот, како што појасни, е Цирих. Таму, посочи, добивме објект во репрезентативниот дел од градот кој за жал останува неискористен. И покрај неколку неуспешни обиди за продажба и замена на објектот, одлучено е тој да се реновира и во него првпат да биде отворено конзуларно одделение, со што десетици илјади наши граѓани од дијаспората кои живеат во Цирих, нема да имаат потреба да патуваат до Берн за конзуларни услуги, туку истите ќе можат да ги добијат во овој град.

– Овој проект исто така е одобрен од Владата, избрана е компанија која веќе почнува со подготвителните активности за реновирање на објектот, откако во меѓувреме се добиени сите дозволи затоа што објектот е заштитено културно наследство во Швајцарија, рече Османи.

Неискористен е и објектот во Канбера, кој исто така е добиен со сукцесијата, додека државата плаќа наемнини и за станови на дипломати и за амбасада. Османи информира дека е започнат процес за проектирање, реновирање и доградба на овој објект, за да имаме постојано наше претставништво таму и станови за дипломатите и на тој начин исто така ќе се заштедат стотици илјади евра годишно.

Објектот во Хараре, каде што државата нема претставништво, ниту планира да има, ќе се продаде, за што веќе е почната постапка.

– По пат на реципроцитет добиено е земјиште во Анкара, во репрезентативниот дел каде се наоѓаат амбасадите, од околу осум илјади квадратни метри. Почнавме постапка за партнерство со други држави заеднички да изградиме објект во кој ќе имаме и наша Амбасада, појасни министерот.

За Амбасадата во Будимпешта, објект кој по купувањето почнал да се распаѓа и не е во функција, одлучено е да се реновира и надгради, со цел во него да има простор и за сместување на нашите дипломати.

– На овој начин ќе стигнеме до околу 22 објекти во рамки на нашата дипломатско- конзуларна мрежа кои се сопственост на државата. Тоа е веќе половина од нашите дипломатско-конзуларни претставништва, и потоа почнуваме нова фаза. Нашата идеја е секаде каде имаме дипломатско-конзуларно претставништво, да имаме наша Амбасада, наш објект и наши станови за дипломатите, рече Османи.

Османи за објектите на мак. амбасади во светот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.