Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи се сретна со Чавушоглу: Со заеднички напори трговската размена годинава да достигне милијарда долари

0
By Mirjana on June 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на официјалната посета на Република Турција, оствари средба со својот хомолог, Мевљут Чавушоглу. Посетата се случува во пресрет на oвогодинешното одбележување на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка, сојузништвото во рамките на НАТО, регионалната и мултилатералната соработка, како и актуелните меѓународни безбедносни предизвици.

„Минатата година размената достигна околу 800 милиони долари, а податоците од првиот квартал оваа година покажуваат дека сме на добар пат да ја надминеме онаа симболична бариера од една милијарда долари. Работиме за дополнително зголемување на динамиката, за што од лани нашата Амбасада во Анкара беше засилена и со економски советник”, истакна Османи, посочувајќи на важноста која Владата на Република Северна Македонија им ја придава на странските инвеститори кои доаѓаат до Турција.

„Како Влада активно работиме на трендот и динамиката на прилив на странски инвестиции од Турција за дополнително да се зголемат, за што, убеден сум, постои интерес кај двете страни“ – посочи Османи.

Министрите разговараа и за мултилатералната соработка меѓу двете земји во ОБСЕ, во контекст на идното претседавање на Северна Македонија во 2023 година како и сојузништвото во НАТО, со посебен акцент во однос на последиците на руската инвазија врз Украина. Нагласувајќи ја неопходноста за единство во рамките на НАТО, Османи ги поздрави напорите на Турција да посредува меѓу Украина и Русија за изнаоѓање на дипломатско решение и итно запирање на хуманитарната катастрофа.

Османи и Чавушоглу потпишаа Меморандум за разбирање и соработка меѓу министерствата за надворешни работи во областа на протоколот.

Османи-Чавушоглу средба Истанбул
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.