Посебна чест беше денешна средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и особена благодарност за одличниот Стратешки дијалог кој денеска се одвива во Вашингтон под покровителство на Стејт департментот, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук.
„Стратешкото партнерство меѓу двете земји влегува во нова, подинамична фаза на пријателство, а билатералните односи добиваат нова, попрецизна рамка за нивен натамошен развој. САД недвосмислено застануваат во поддршка на европските интеграции на Северна Македонија како важен влог во стабилноста и напредокот на целиот регион. Како НАТО сојузници ги делиме современите демократски принципи и вредности, и во целост ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина“, порача Османи од Вашингтон.