Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи утре на дипломатски појадок во Брисел за европското досие на Македонија

0
By Mirjana on March 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, ќе учествува на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија. Работниот појадок ќе биде посветен на европското досие на Северна Македонија, а ќе се одржи на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. На појадокот ќе бидат присутни и Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.

Османи во Брисел ќе се обрати пред европратениците, членови на Комисијата за надворешна политика – АФЕТ, на покана на Претседателот на оваа Комисија, Дејвид Мекалистер, а ќе има средба и со „Пријателите на Северна Македонија“ во Европскиот парламент, група која е составена од европратеници, поддржувачи во ЕП и кои доаѓаат од различни парламентарни групи во ЕП. Дополнително во Европскиот парламент, Османи ќе има и други одвоени средби меѓу кои со известителот на Европарламентот за земјава, Илхан Kучук, со координаторот во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), Михаел Галер и со координаторот на социјалистите во АФЕТ, Тонино Пицула.

Во програмата се предвидени и средби на Османи со високи официјални претставници на европските институции, меѓу кои и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, а ќе се сретне и со својот чешки колега, Јан Липавски. Клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, регионалните случувања и политичките актуелности во државата, преку рефлексија на војната во Украина. Ќе стане збор и за доборососедските односи со фокус на разговорите со Бугарија и продолжувањето на реформските процеси со ЕУ предзнак. За време на работната посета на Брисел, Османи има планирано да даде интервју за угледните Еуроњуз. ЕУ-Обзервер и за италијанската дописна агенција – Нова.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ОСМАНИ УТРЕ ВО БРИСЕЛ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.