НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Софија на конференција за ЕУ за Балканот

0
By Sashko on April 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, по вчерашната посета на Берлин, денеска ќе престојува во Софија каде што ќе учествува на меѓународна конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштитата од војна“.

Покрај Османи, на конференцијата е најавено учество и на шефовите на дипломатиите на Албанија, на Босна и Херцеговина, на Косово, како и на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Ним ќе им се придружат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан, Стјуарт Пич. Видео обраќање до учесниците ќе има генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и вицепремиерката на Украина, Олга Стефанишина.

Посетата на Османи на Софија доаѓа по минатонеделната посета на бугарска делегација предводена од Петков и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на Битола по повод отворањето на клубот „Иван Михајлов“, што предизвика остри реакции од државниот врв и од јавноста во земјава.

Според дел од реакциите, именувањето установи од областа на културата на докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството, а дел го протолкуваа како навреда и провокација кон македонскиот народ, и се побара и редефинирање на стратегијата за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.