Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Започнат е процес на консултации во ЕУ за францускиот предлог

0
By Mirjana on June 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Започнат е процес на консултации меѓу земјите членки, за да се усогласи став меѓу сите нив во однос на процесот понатаму, по што ќе ги видиме предлозите и заклучоците од тој документ и ние, и доколку имаме забелешки, ќе ги доставиме, изјави шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дека во Брисел протекле делови од  финалниот документ според кој предлог преговарачката рамка ги содржела  Договорите од Преспа и за добрососедство со Бугарија, записници од историските комисии  како и тоа дека опозициската ВМРО ДПМНЕ информирала оти дел од таа рамка бил и Процесот за стабилизација и асоцијација.

„Процесот е почнат. Француското претседателство дава предлози кои ги дистрибуира до сите земји членки. Сите можат да дадат забелешки меѓу кои и Република Бугарија. Атмосверата таму е таква каква што ја знаеме. Не би влегол во коментари на различните предлози. Прво да ги видиме предлозите од другите па ќе се произнесеме и ние. Овие обиди на опозицијата да го стави овој важен процес и многу сензитивен во екстремно сензитивен период, во функција на партиски активности, во најмала рака не е долично. Она што опозицијата може да го направи во интерес на државата е да ни се јави и да ги споделиме со неа информациите што ги имаме.Го имаат мојот телефон. Да им порачам да не се обидуваат ова прашање да го стават во функција на претстојните протести за да донесат некој човек повеќе, изјави министерот Османи.

Имаме канали преку кои и до нас доаѓаат информации за содржината на тој документ, но да почекаме да видиме кои забелешки и предлози ќе произлезат од земјите членки па потоа и ние ќе го видиме тој документ и ќе ги доставиме нашите забелешки, доколку ги имаме. Ако дојде ред да се прифати нешто ние тоа ќе го споделиме со пратениците, вклучително и со опозицијата, рече Османи.  (М.Т.)

Османи за францускиот предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.