Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осмомартовска анализа: Жените се повеќе добредојдени во бизнисот отколку во политиката

0
By Mirjana on March 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поминаа повеќе од петнаесет години од бизарната случка во владата кога тогашниот премиер Владо Бучковски за 8 Март ги почести колешките министерки со парфеми и накит, што толку многу ја скандализираше јавноста што некои од нив веднаш ги вратија подароците. Тогашните министерки Радмила Шекеринска, Илинка Митрева и Мери Младеновска, заедно со премиерот буквално се најдоа на столбот на срамот поради фактот што со државни пари се финансирани осмомартовски подароци на жените министерки.

Камо дискусијата да се водеше и во друг правец. На пример, зошто од 19 министри во тогашната влада, само три беа од женскиот пол. Можеби ако тогаш јавноста со иста жестина како за подароците се сензибилизираше и за оваа мала статистика, денес немаше да имаме исто толку слаба процентуална застапеност на жени во владата на премиерот Димитар Ковачевски: од вкупно 21 министри само четири се жени, или Северна Македонија од таа 2006 година не се променила ниту за педа во поглед на родовата еднаквост.

Но за разлика од македонскиот блок каде што се наредија повеќе имиња во галеријата министерки, во албанскиот блок таа чест досега во вкупната 30 годишна плурална историја на нашата земја ја имаа само две министерки: Мерие Рушани од ДПА која во владата на Љупчо Георгиевски 1998-2002 беше министерка за образование и Теута Арифи која во 2011 стана вицепремиерка за евроинтеграции во владата на Никола Груевски. Едно од имињата кое што кратко блесна во политиката беше и Мируше Хоџа претседателска кандидатка од ДПА на изборите во 2009 година, но и таа брзо потона во нагласената машка доминација.

Или сумирано, бројката на жени министерки од осамостојувањето до денес се движи од нула до четири. Иако во меѓувреме државата политички напредуваше, стана кандидат за членка на ЕУ и чека почеток на преговори, а и стана членка на НАТО.

Значи и денешниот 8 Март не се разликува од 8 Март пред повеќе од деценија и половина. Во прилог на тоа оди и родовата статистика од локалните избори. Податоците покажуваат дека од 1996 година, кога за прв пат се одржале локални избори, па се до последните во 2021 година, биле избрани вкупно 660 градоначалници. Од нив само 18 жени градоначалнички и 642 мажи градоначалници. И на ланските локални избори беа избрани само две жени градоначалнички, во општините Старо Нагоричане и Град Скопје, што е само 2,5 проценти од вкупниот број на градоначалници и 4 градоначалнички помалку во однос на претходните локални избори.

Според анализите на „UN Woman“, Македонија заостанува во родовата рамноправност во извршната власт во однос и на светскиот и на европскиот просек. Така, ако во сега во владата имаме 19 проценти жени, европскиот просек изнесува 34 проценти жени министерки.

Наспроти драстичната родова нееднаквост во политиката, статистиките покажуваат дека во бизнисот жените се повеќе добредојдени. На минатогодишното промовирање на Националната платформа за женско претприемаштво беа споменати бројки и проценти кои говорат за растечки тренд на жени во оваа сфера. Во третиот владин антикризен пакет во борбата со пандемијата, од 2.703 поддржани фирми 1062 беа основани или раководени од жени.

Тоа значи дека иако Владата декларативно носи мерки и стратегии за родова еднаквост, се чини дека тие повеќе даваат ефект во бизнисот отколку во политиката, веројатно поради начинот на селекција бидејќи дискрецијата во политичката селекција е многу поголема и посубјективна отколку бизнис селекцијата. Што е секако најсилен показател дека на жените не им е овозможен пристапот во политиката како што на пример им се овозможува во бизнисот.

Фондот за иновации и технолошки развој, на пример, во 2020 година, објави повик за „кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од Ковид-19”, а како поткритериум за оценување ја воведе рамномерната родова застаеност. За волја на вистината и владејачката СДСМ донесе критериум 50 – 50 во кандидирањето и изборот на функционери меѓутоа тој остана само на хартија, а реакции како во партијата така и на јавната сцена речиси и да немаше.

Во рамки на мерката за финансиска поддршка за жени претприемачи од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за девет години Министерството за економија поддржа вкупно 152 компании во сопственост и управувани од жени со вкупно 14,1 милиони денари (230 илјади евра). Само минатата година преку овие мерки вкупно 52,8 проценти од компаниите кои што добиле финансиска поддршка се во сопственост, односно управувани од жени. Во последните три години е забележителен и раст на жени во земјоделието односно вкупно 2193 регистрирале земјоделско стопанство на свое име. Дополнително, во вкупното портфолио на компании кои ги поддржува ФИТР, а кое изнесува 686 компании, околу 42 проценти се компании кои ги управуваат и водат жени.

Осмомартовски текстот го завршуваме со познатата порака на Маргарет Тачер: „Ако сакаш нешто да биде кажано, речи му на маж, ако сакаш нешто да биде сторено, речи и на жена“. Жените, вели Шер, се вистинските архитекти на општеството и заедницата.

(С.К.)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

женитге се посакани во бизнисот откколку во политиката Осмомартовска анализа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.