Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основците на настава без маски, но ова нема да важи за наставниците

0
By Biljana on March 16, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Децата во основните училишта нема да носат заштитни маски, потврдија од Комисијата за заразни болести.

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок донесе одлука да препорачаат да се тргнат маските за децата од основните училишта.

„Ги ослободуваме од обврската да носат маски учениците во основно образование, но ова нема да важи за наставниците и техничкиот персонал“, вели претседателот на Комисијата, доктор Александар Петличковски, кој признава дека имало дискусија на оваа тема помеѓу членовите на Комисијата но сепак конечната одлука била донесена со мнозинство.

Од Комисијата велат дека внимателно ќе ги следат сите параметри околу епидемиолошката состојба во училиштата.

„Доколку има било какво влошување на епидемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик тогаш може повтрно да се вратат на сила истите мерки кои што беа и претходно. Но, на ваков начин на постепено олеснување на согласно епидемиолошкиот ризик, сметаме дека можеме да на некој начин не се доведеме во ситуација како во Германија, Австрија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, вели портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ.

Сепак, останува избор на родителите и на децата доколку сакаат можат да носат заштитни маски додека се на настава.

Втората одлука на Комисијата е да препорача зголемување на капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери и театри, од досегашните 50 на 75 отсто исполнетост.

Исто така, Комисијата ќе препорача да не се бараат сертификати за вакцинација или прележаност за оние гости кои ќе ги користат само отворените тераси на угостителските објекти.

Овие препоораки ќе бидат предложени до Главниот кризен штаб на Владата.

Извори во Комисијата за НоваТВ потврдија дека имало жестока дебата околу првата точка за укинување на заштитните маски во училиштата и дека првично се разговарало тоа да важи само за учениците до осмо одделение.

(Б.Б.)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

ВЕСТИ November 2, 2025

Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето…

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.