Осумгодишно дете од Скопје синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според објави во медиумите, настанот се случил во скопската населба Пинтија во oпштина Кисела Вода.
По нападот, детето било однесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите.
„На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н.Г.“, велат од МВР.
За несреќата е известен јавен обвинител, а телото на несреќното дете е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.