Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОТА три месеци работи без експертска и граѓанска контрола

0
By Соња Петрушевска on January 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската надзорна комисија која треба да ја следи работата на новоформираната Агенција за следење на комуникациите ОТА, три месеци нема добиено пари за да ангажира пари за експерти.

Претседателот на Комисијата Емил Димитриев кажа дека писмено побарал од раководните лица на Собранието уште во ноември да се обезбеди буџет и да почне постапка за ангажирање експерти.

„Во ноември доставив писмо до Џафери дека е неопходно Собранието да помогне во делот на обезбедување буџет и спроведување на постапката за огласување за избор на експерти, бидејќи Комисијата нема ресурси тоа да го направи, но се уште немам одговор“ рече Димитриев.

Годишно, за експертите се планира буџет од 20 000 евра. Комисијата ќе треба да ангажира експерти од дигиталната форензика, телекомуникации и веројатно експерт од областа на правото. Планот е да се ангажираат 12 експерти, а по двајца од нив да ја посетуваат Агенцијата во шестте годишни контроли.

На средбата која ја имал со европските експерти од ЕУ и ЕК Димитриве кажа дека било заклучено дека доцни граѓанската контрола врз работат на ОТА која требаше да профункционира со формирањето на Агенцијата – уште во ноември лани.

Доцни и екипирањето на  Граѓанскиот совет кој исто така треба го контролира работењето на ОТА.  Избрани се четворица членови, а за другите тројца допрва ќе се објавува втор оглас. Професорот Гордан Калајџиев кој е избран за член на овој Совет вели дека иако граѓанскиот сектор се залагал да добие поголеми надлежности, останал со помали овластувања од оние што ги има собраниската комисија.

Калајџиев додава дека тие како граѓански совет можат да побараат проверка на работата на Агенцијата и дали биле следени и телефонски броеви без судска наредба само во изминатите три месеци.

Калaјџиев очекува со граѓанскиот надзор да се сведе на минимум злоупотребата на тајните служби, но напоменува дека и натаму има начини како прислушувањето да продолжи.

„ Лизгав терен има и натаму. Законите дозволуваат прислушување и со технички средства надвор од ОТА“ вели Калајџиев.

Граѓанскиот совет може по сопствена иницијатива или по претставка на граѓанин да изврши контрола врз работата на ОТА. Освен овој совет, контрoла врз следењето на комуникациите може да врши и Народниот правобранител и претставници на Дирекција за заштита на лични податоци.

„ На ОТА и се потребни овие тела. Тие треба во полн капацитет да си ја завршат работата. Само така ОТА може да стекне доверба. Можам јас да се појавувам во јавноста и  да тврдам дека се е во ред, но тоа треба да се потврди со  граѓанска, експертска контрола“ вели директорот на ОТА Зоран Ангеловски.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.