Римокатоличката црква во канадската провинција Сен-Жан ќе мора да им плати 104 милиони канадски долари на стотици жртви на сексуално насилство, се наведува во извештајот на компанијата „Ернст и Лонг“ подготвен на барање на канадското правосудство.
На барање на канадското правосудство, утврдила дека 292-те жртви мора да добијат меѓу 55.000 и 850.000 канадски долари.
Надбискупијата во Сен-Жан во источна Канада беше обвинета во 2020 година за еден од најголемите скандали за злоупотреба на деца во земјата, со што се стави крај на дведецениските правни битки и се создадоа услови за компензација за жртвите кои сѐуште се живи.
Сексуално насилство го извршиле свештеници и монасите во текот на неколку децении од 1940 година, особено во домот за сираци во Мон Кашел.