Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворање на Центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост во Карпош, најави Весковски

0
By НОВА ТВ on October 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во основните училишта и градинките на територија на Општина Карпош се вклучени вкупно 99 деца со попреченост на возраст од 2 до 10 години, што е само 19% од вкупниот број на деца со попреченост или одредени развојни потешкотии кои живеат во нашата општина. Бидејќи сите истражувања поврзани со раниот детски развој потврдуваат дека искуството кое го стекнуваат децата во текот на раното детство имаат трајно и значително влијание во понатамошниот живот на децата, во мојот мандат како приоритет ќе биде развивање на социјалните услуги за помош и поддршка на децата со попреченост и нивните семејства, информира кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Душко Весковски.

-Оттука сакам да најавам дека во првата година од мојот мандат во просториите кои порано беа користени како дневен престој во ОУ Вера Циривири Трена ќе се отвори првиот центар за стручна помош и поддршка на децата со попреченост и нивните семејства од Општина Карпош. Центарот ќе обезбедува индивидуален третман и психосоцијална поддршка преку современи терапевтски методи, а дополнително ќе се уреди дворната површина пред центарот за активности на отворено, со поставување на сензомоторен двор кој ќе се користи за терапевтски цели. Дворот е со површина од 140 м2 , од кои на дел ќе се постави мек под (под реквизитите), а останатиот дел од дворната површина ќе се покрие со ситни каменчиња и сензомоторни патеки. Дворот ќе се уреди и хортикултуно, а ќе се реконстуира и влезот во објектот со промена на пристапната рампа согласно утврдените стандарди. Она што сакам да го нагласам од тука е дека ќе се вложиме максимално за вклучување на децата со попреченост и во детските градинки во Карпош, односно стручните лица од овој центар ќе спроведат обуки за подобрување на вклученоста на децата со попреченост во сите детски градинки и ќе даваат стручна помош и поддршка на сите деца со попреченост и нивните семејства кои ќе бидат вклучени во градинките, рече Весковски.

Тој најави дека во однос на дворот на ОУ Вера Циривири Трена во мојот мандат ќе се реновира игралиштето за одбојка што се наоѓа до игралиштето за кошарка, а на површините кои се бетонирани и не се користат ќе се постави мек под и реквизити за вежбање на отворено, така што тој дел ќе прерасне во еден мини спортски центар за жителите на Карпош 2.

-Како поддршка на раната инклузија, дополнително сите детски игралишта на територија на општината ќе бидат надополнети со реквизити кои можат да ги користат и децата со попреченост, а во сите јавни набавки за капитални инвестиции или реконструкција задолжителен услов за да се добијат средства од општината ќе биде пристапноста. Во сите основни училишта ќе оспособиме и соби за релаксација, а ќе вложуваме и училниците да станат инклузивни. Со ова сакам да најавам дека општина Карпош ќе стане најинклузивната општина на територија на град Скопје. Инклузивноста и социјалната поддршка нема да завршат тука. Општина Карпош годишно ќе обезбедува средства за обука на 50 невработени лица кои се жители на Карпош за лична асистенција и помош и нега во домот. Тие ќе се вработат во општинскиот сервис за помош, нега и лична асистенција кој го отвори нашата општина во 2021 година, а ќе можат и самостојно да бидат даватели на услуга. Надоместокот за извршената услуга е определен и покриен со државни средства, односно за 40 часа неделен ангажман ќе добиваат 40.000 денари бруто (250 денари од еден час), најави Весковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.