Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ за поголема регионална соработка, никако не e алтернатива за Европската Унија

0
By Sashko on June 9, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на „Отворен Балкан“ ја потврдија заложбата за отворени граници, слободен проток на стоки, капитал и работна сила, a соработката и меѓусебната поддршка, како што рекоа на Самитот во Охрид, веќе дава резултати.

Иницијативата „Отворен Балкан“ се однесува на стабилен и на развиен регион кој во сите области го подобрува животот на граѓаните, формирана е за поголема регионална соработка и за економски развој на земјите-членки, но не е замена за Европската унија, беше пораката од дводневниот Самит на кој присуствуваа премиерите на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, Димитар Ковачевски, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

Заеднички е ставот на лидерите дека во интерес на сите граѓани од регионот е соработката за поголем економски развој и за остварување на европските интеграции.

Самитот, како што оцени премиерот Ковачевски, заврши успешно и резултира со потпишани договори во сферата на туризмот, културата, во соработката на даночните администрации на земјите од иницијативата кои ќе носат и конкретни придобивки за граѓаните.

„Заложба на иницијативата е подобар животен стандард на граѓаните, односно обезбедување подобра инфраструктура, политички систем со сите свои атрибути, како што се владеењето на правото, борбата против корупцијата, ефикасноста на администрацијата и на сите институции“, нагласи Ковачевски.

Македонските, српските, албанските и црногорските граѓани, како и оние на Босна и Херцеговина и Косово, според него, имаат право да живеат врз основа на европски вредности и да соработуваат меѓу себе. Тој најави дека претпријатијата од Северна Македонија, Албанија и Србија кои управуваат со патарините работат на поврзување на системите за електронска, што ќе овозможи граѓанин од Србија со таг за електронска наплата со своето возило да може без застанување да мине и на македонска и на албанска патарина.

Иницијативата, подвлече, тежнее кон отворени граници и побрз проток на стоки и услуги. Во услови кога цела Европа се соочува со последици од воената, енергетската, економската и здравствената криза, според Ковачевски, земјите од регионот се природно поврзани една со друга и имаат заедничка цел – заедно да одат напред.

За српскот претседател Вучиќ најважно е да се зајакне соработката и земјите од регионот да си помогнат во надминување на тешкотиите со залихите на храна и во областа на енергетиката.

„Важно е на наредниот состанок да се формираат работни групи, кои предлагам да бидат некаде во јужна Србија, пред големиот Самит што го имаме и саемските настани на крајот на летото во Белград. Да формираме работни групи кои ќе се грижат како да се надминат тешкотиите со залихите на храна и во областа на енергетиката, како да си помогнеме меѓусебно за да ја преживееме зимата, бидејќи мислам дека тоа е од најголем интерес за сите граѓани на нашите три земји и целиот регион. Во формирањето на тие работните групи и на тие договори доколку сакаат да учествуваат добредојдени се претставниците на Црна Гора, БиХ, Приштина, кој и да сака“, рече Вучиќ.

Нерешените проблеми, според албанскиот премиер Рама, можат да се надминат само преку соработка и, како што рече на самиот, да сфатиме дека сме битни еден за друг.

„Силно верувам дека што повеќе ние се зближуваме еден со друг, толку повеќе шанси има да ги разрешиме и конфликтите, да се направи краен мир помеѓу Србија и Косово, една тема за која јас не се согласувам со претседателот Вучиќ, но овде решението е многу едноставно. Или ова несогласување да се претвори во постар конфликт со сите тие празнини кои потоа остануваат во нашата економија, во нашата безбедност или обратно од тоа треба да се направи, да се доближиме што е можно повеќе за да се разбереме помеѓу себе што повеќе и самите луѓе да бидат свесни дека иднината е многу поважна од минатото“, рече Рама.

На состанокот во Охрид присуствуваше и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кој најави поддршка од неговата Влада за секоја иницијатива што води до напредок на Западен Балкан. Во однос на приклучувањето на земјата, која се уште не е формално членка на иницијативата „Отворен Балкан“, рече дека по враќањето во Црна Гора ќе разговара со ресорните министри за придобивките од иницијативата и ќе одлучат дали државата ќе се приклучи.

Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија вети дека ќе ја вложи целата своја енергија да ги убеди оние што се против иницијативата за официјално влегување на неговата земја во „Отворен Балкан“.

„Бизнис заедницата на БиХ сега е целосно определена кон „Отворен Балкан“. Граѓаните се свесни што тој донесува. Ние треба да донесеме политичка одлука, а зашто таа не е донесена, сè уште е тешко да се зборува. Се надевам дека тие што вршат јавен притисок ќе придонесат таа одлука да се донесе. Јас сите свои капацитети и енергија ќе ги насочам кон тоа да ги убедам оние кои се против оваа иницијатива за нејзината исправност“, рече Тегелтија.

За еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, Иницијативата е можност за регионот да ја смени реалноста и да ги надмине предизвиците со коишто се соочува веќе многу години, а може да помогне и за забрзување на патот кон ЕУ. За луѓето, забележа тој, главно прашање е кога ќе живеат, како оние во Европа со економски можности и исто општество. Оцени дека без регионална соработка, економскиот инвестициски план на ЕУ нема да постигне многу затоа што нема поента да се поврзува капиталот на Западен Балкан со патишта и со железници ако камионите треба да сопираат на секоја граница и речиси секој доаѓа на половина час.

Преку видео обраќање на Самитот се обрати и Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан. Тој им посочи на лидерите оваа Иницијатива да остане економска, оти како што вели не е политичка, и ако остане економска ќе има поширока поддршка.

„Ова не е политички проект, туку е важен економски проект и битно е да остане таков и да се фокусира на создавањето можности за луѓето од регионот и на тој начин ќе имате поддршка“, им порача Ескобар на учесниците на Самитот.

Лидерите на земјите од „Отворен Балкан“, Ковачевски, Вучиќ и Рама потпишаа документи за соработка во областа на образованието, на културата, на туризмот и од областа на даночната политика. Трите држави го потпишаа Договорот за соработка на Западен Балкан во полето на взаемно признавање на дипломи и научни титули издадени во високообразовните институции и други овластени институции. Со одредбите се забрзува постапката за прифаќање на дипломите и професионалните звања, со што се поедноставува и олеснува процедурата, како исклучителна придобивка за граѓаните од регионот со позитивни импликации за заедничкиот пазар на трудот.

Со Меморандумот од областа на туризмот се предвидуваат активности за заедничка промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација. Додека Меморандумот во културата предвидува креирање на заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе го поттикне културниот туризам. Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот ќе создаде нови можност за полесно прекугранично движење на луѓето, стоките или услугите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.