Русија денеска ќе отвори хуманитарен коридор за цивилите да ја напуштат челичарницата Азовстал во Мариупол, јавува новинската агенција Интерфакс, пренесува Скај Њуз.
Се проценува дека во челичарницата има меѓу 300 и 1.000 цивили кои се таму со преостанатите украински борци кои го бранеа градот.