НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо на група граѓани од Скопје: Не го уривајте Скопски саем

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Група граѓани од Скопје „ И саем е Скопје“ преку отворено писмо бара да се запре уривањето на Скопскиот саем и да не се дозволи да се изградат трговски центар и станбени згради.

– Ние, граѓаните на овој град, од сите професии и возраст, претставници на архитектонската фела, членови на семејствата на проектантите на саемскиот комплекс, пријатели на Скопје, поддржани од низа организации и компании. Сите обединети во крикот да се сочуваат саемските хали како еден од стожерните бранители на идентитетот на пост-земјотресно Скопје. Нашиот Саем како непобитен дел од историјата на македонската архитектура и македонското стопанство, се вели во писмото адресирано до премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски и Арсим Папранику, новиот сопственик на земјиштето.

Во него посочуваат дека тие како архитекти, градители по вокација, веќе половина година во затворени кругови дебатираат, емотивно се поддржуваат и се обидуваат да создадат стратегија како да го заштитат единствениот саемски комплекс во земјава, кој, како што наведуваат, ги одбројува последните денови на живот, односно како  да го спречат натамошното исчезнување на примерите на расната архитектонска практика на пост-земјотресно Скопје.

– Овој објект е дел од тој смел проект на пост-земјотресно Скопје во кое домашните творци и архитекти ги прифатија сите современи текови во архитектурата и создадоа вредни обрасци, не само за домашната, туку и за светската архитектонска продукција. Тој е дел од таа значајна архитектонска целина во градот и дел од идентитетската рамка во која делува архитектурата како дел од културата, истакнуваат во писмото.

Скопски саем е изграден во 1972 година, како дело на четворица врвни домашни архитекти Димитар Димитров, Живко Гeлевски, Благој Мицевски и Славко Ѓуриќ, Скопскиот саем е распослан на 25.000 квадратни метри, од кои 16.000 се затворен простор во шест саемски хали, функционално и архитектонски обликувани и поврзани во оригинална целина, во духот на периодот на кој што припаѓа, Модерната.

Скопски саем (Архива)

Почетоците на функционирањето на Скопскиот саем, како што стои во писмото, се поврзани со многу значаен настан за историјата и културата на Скопје, а тоа е одржувањето на Светската шаховска олимпијата, манифестација од највисоко светско ниво, прва (а и последна) од тој вид организирана во нашиот град.

Подоцна, додаваат, Скопски саем беше дом на исклучителни фестивали, концерти на Боб Дилан, на Крафтверк, Молоко, на нашите маестрални Симон Трпчевски, Тоше…

Халите на Скопскиот саем во текот на 67-годишното постоење беа средиште на бројни саемски манифестации: Саемот за мебел, Саем на книгата, Инфоком, Балканска туристичка берза, Саем на градежништво, Модна недела, Вински фестивал…Тука се правеше преглед на развојот на македонската економија, но се следеа и книжевните и културните трендови.

Според најавите халите на Скопски саем треба да се уриваат за неколку месеци и да почне изградбата на новите содржини. Нов сопственик на Скопскиот саем за организирање манифестации е бугарската Кардфинанс, а друга фирма е сопственик на земјиштето кое е продадено од страна на банките каде бил оставен како гаранција.

Поради промените на старата локација не се одржуваат саемски манифестации од лани есента. Саемот Технома се одржа во СЦ „Борис Трајковски, а поради неможност да се изнајде локација не се одржа Саемот за мебел, една од најголемите и најпосетените саемски манифестации што ги организира Скопски саем. Најавено е дека Саемот на книга ќе се одржи, исто така, во СЦ Борис Трајковски.

Дејан Кошутиќ, извршен директор на Скопски саем за медиумите во октомври лани истакна дека саемски манифестации во Македонија и натаму ќе се организираат.

Скопски саем е приватизиран во 2001 година кога сопственик стана Ера груп од Словенија, а од 28 јули 2017 година е во сопственост на Кардфинанце од Софија.

отворено писмо Скопски Саем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.