Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо на Јаким Неделков до министерот Адеми

0
By Нова ТВ on January 31, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СОНК Јаким Неделков упати отворена покана на министерот за образование Абдулаќим Адеми, за присуство на седница на Советот на СОНК. Писмото со покана го објавуваме во целост.

Почитуван Г – дине Министер Адеми,

Со нужно почитување и со надеж дека конечно ќе прифатите да дојдете на седница на највисокиот орган на одлучување на СОНК, ете одлучив да Ве поканам со вака отворена покана, иако добро знам дека тоа не е многу вообичаено. Но за жал, почитуван Г-дине Министер, сигурно дека не е вообичаено скоро повеќе од половина година и во истиот период кој знае колку пати, Ви имаме испраќано покани да присуствувате на седниците на Советот и за нас од непознати причини досега не го направивте тоа ниту еднаш. Дополнително се чувствуваме непријатно и поради фактот дека досега не добивме ниту писмен, ниту усмен одговор на поканите.

Почитуван Г-дине Министер, втора недела огромен број на наши членови, ама истите се и Ваши јавни службеници,се во штрајк. Нивните легитимни претставници во Советот на СОНК донесоа Одлука за штрајк, откако членовите претходно, во огромно мнозинство, се изјаснија за Барањата и за штрајк и повеќе пати Советот едногласно ги носи одлуките за продолжување на штрајкот, ама исто така Ве повикува итно да продолжат, поточно да започнат преговори со Вас.

Последната Ваша изјава дека ќе продолжите да преговарате со СОНК, само доколку штрајкот биде прекинат, истата ја коментираа многу компетенти лица како од Р. Македонија, така и од меѓународни организации и од тие причини јас нема да се впуштам во коментар за тоа. Намерата на испраќањето на отворенава покана ми е многу искрена и ќе бидам исклучително радосен доколку ја прифатите и да дојдете на седницата на Советот во недела, на 01-02-2015 год. Пред целата јавност Ви ветувам дека Вие ќе го имате почетното обраќање на седницата и можноста да им објасните зошто е потребно, прво да го прекинат штрајкот, па после да преговарате со СОНК, за веќе изречените казни по резултатите од екстерното оценување на учениците, за кои денес дознаваме дека е издаден налог за пресметување со платата за јануари и зошто толку лесно поминавте преку изјавата на првиот синдикалец за образование во Европа, кој патем речено имаше чест и лично тоа да Ви го каже, дека тоа е единствен случај и несреќен македонски изум.

Почитуван Министер, Ве молам, дојдете на седницата и кажете им на тие што донесоа Одлука за штрајк, дека не им се реални барањата за зголемување на платите, иако и Вие знаете дека се најниски од сите европски држави, се разбира вклучувајќи ги и сите соседни земји.

Почитуван Г-дине Министер, кажете им исто така, како се спроведе екстерното тестирање, каков нов квалитет покажаа заменските наставници, за разлика од овие ,,непослушни” наставници, меѓу кои ги има и стотици и ститици со звања – истакнат и особено истакнат просветен работник и стотици од нив биле наставници на сите министри, досегашни премиери, претседатели на државата, универзитетски професори, пратеници, амбасадори, познати инженери, истакнати доктори во медицината, светски познати културни дејци… И сега, дел од нив ќе ја завршуваат својата просветителска мисија, како казнети, што значи лоши наставници.

Почитуван Министер, членовите на Советот од кои најголемиот дел се наставници, исто така кажете им, како можеа да бидат толку “наивни“ и без никаква “вистинска“причина, толку месеци наназад и досега девет дена да бидат во штрајк, само заради тоа на претседателот на синдикатот, кој исто така е нивни колега наставник, преку штрајк да му одработат да биде реизбран и тоа дури после една година.

И за жал, сосема на крај, Ви ветувам, ако навистина изнесете аргументи со кои ќе не убедите дека сме погрешиле, што на гарантирано право со Устав, но и вродено човечко право за одбрана на сопственото достоинство се одваживме да побараме нешто за што Ви ги презентиравме нашите аргументи, а досега единствено имаме добиено одговор дека ниедно од нашите барања не се реални, па и дури преку Ваши гласноговорници, дека се штетни и за самите нас. Во таков случај ќе Ве испратиме со аплауз.

Почитуван Г-дине Министер, Ве молиме, дојдете конечно, на седницата на Советот на единствениот репрезентативен синдикат за образование во Р. Македонија, што меѓу другото Ви е и законска обврска.

Искрени поздрави,

П.С. Седницата ќе се одржи на 01-02-2015 год. (недела), со почеток во 13 часот во салата за состаноци на СОНК – пошта 2 (нова железничка станица).

Претседател,
Јаким Неделков

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.