Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено советувалиште за психо-социјална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство

0
By Ivana on December 6, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во состав на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска во Скопје беше отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство. Советувалиштето ќе обезбедува услуги за жени и деца-жртви на различни форми на родово базирано насилство.

Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство за МИА информира дека советувалишниот центар ќе им обезбеди помош и поддршка на жените-жртви, согласно нивните потреби.

– Без разлика дали жената ја донела одлуката да го напушти насилникот и отишла и пријавила во некоја од надлежните институции или се уште не пријавила или се уште не ја ни донела одлуката, туку е во онаа фаза каде што размислува што да направи понатаму. Советувалишниот центар ќе и обезбеди помош и поддршка согласно нејзините потреби. Тука се ангажирани две социјални работнички, една терапевтка и една правничка, се со цел да за да се обезбеди една сеопфатна помош. Кога жената ќе дојде тука ќе биде примена од социјалната работничка, со која ќе го направи иницијалниот разговор и со која заеднички ќе донесат одлука или ќе направат процена, што и нејзе најпотребно и кои треба да бидат првите услуги што треба да и бидат обезбедени, рече Димушевска.

Во однос на психолошката помош и поддршка, терапевтката на претходно договорени сесии ќе работи со жртвата на надминување на последиците од преживеаното насилство, на планирање на иднината, на унапредување на родителските вештини.

– Доколку како резултат на насилството и насилната средина во која што живееле децата имаат потреба од психолог, тоа е услуга која ќе им биде обезбедена во советувалиштето, рече Димушевска.

Таа истакна дека во советувалиштето на располагање на жените ќе им биде и правничка за да бидат преземени сите правни чекори во однос на обезбедување на заштита за жртвата и нејзините деца, доколку има жртвата.

– Од подготовка на тужба за развод, барање за изрекување на привремени мерки за заштита, придружба, односно тимот на советувалиштето е придружба на жените до релевантните институции со цел да се осигураме дека сите права и мерки на заштита кои се предвидени во нашето национално законодавство ќе и бидат обезбедени навремено и соодветно на нејзините потреби, рече Димушевска.

Како дел од тимот има и кариерна советничка, која што за жените кои се невработени или се вработени на места со ниски примања, а имаат работни вештини кои што можат да се поднаредат со цел наоѓање на работа која што е подобро платена и ги исполнува.

– Кариерната советничка закажува индивидуални сесии, и работи со жртвите, им помага во бараљето работа, контактира со работодавците и работи со нив на унапредување на оние меки вештини: подготовка на СиВи, подготовка на интервју за работа, комуникациски вештини и тоа во целиот процес на советување се поминува како една целина за тие после кога ќе отидат да бараат работа, најпрвин подобро и во најдобро светло да се претстават себеси, а и да бараат работа која ги исполнува, рече Димушевска.

На отворањето на центарот присуствуваа и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, сопругата на словачкиот амбасадор во земјава Жанета Маркушова, како и претставник од донаторот, Балканскиот фонд за демократија, Тијана Књежевиќ.

Сите жени кои преживуваат насилство и имаат потреба и помош од психолог, социјална работничка, правна и кариерна советничка може да се обратат на 075/255-154 за да се изборат против насилството во нивниот дом.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.