Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палестински затвореници почнаа штрајк со глад во израелски затвори

0
By НОВА ТВ on October 13, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 250 Палестинци во израелските затвори почнаа штрајк со глад во знак на протест поради преместувањето во изолирани ќелии, соопштија денеска палестинските власти.

Штрајкот со глад предводен од екстремистичкиот Исламски џихад изби во време на зголемени тензии во израелските затвори по неодамнешното бегство на шестмина затвореници од затворот во северен Израел, за кој се сметаше дека е добро чуван.

Сите шестмина беа уапсени во рок од неколку недели, но бегството е срам за израелските власти, а Палестинците го поздравија, потсетуваат светските медиуми.

Во моментов Израел во затвори држи повеќе од 4.600 Палестинци.

Меѓу затворениците има екстремисти осудени за смртоносни напади врз Израелци и политички активисти, демонстранти и тинејџери уапсени за фрлање камења врз израелски војници.

Затворениците се организираат по политички фракции, а отстапки обезбедуваат со штрајкови со глад и други заеднички акции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.