Газа: Палестинците почнаа да се враќаат во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, неколку часа откако израелските одбранбени сили ги повлекоа сите копнени сили за маневар, оставајќи само една бригада да обезбеди коридор низ палестинската енклава.
Групата Палестинци го напуштија најјужниот град во Газа, Рафа, каде што се засолниле повеќе од 1,5 милиони Палестинци, кон Кан Јунис. Речиси 400 илјади луѓе живееле во Кан Јунис и неговата околина пред почетокот на војната меѓу Израел и Хамас што избувна по 7 октомври лани. Голем дел од областа сега е во урнатини по неколкумесечни бомбардирања и тешки борби меѓу ИДФ и борците на Хамас.