Заменик-министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за заштита на животна средина во Шуто Оризари учествуваат на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“. Модераторка на панел дискусијата е Биљана Јордановска од „Цивил“.
„Зелен ЦИВИЛ“ е организациска единица на „ЦИВИЛ“, формирана во 2009 година.
Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Извор: civilmedia.mk