Полицијата по хотелите и околината на Сочи подели летоци на кои е наведено предупредување за сомнителна жена која би можело да биде терорист, а која во моментот се наоѓа во градот.
Во летокот се вели дека од вработените се бара да обрнат посебно внимание на Рузана Салим Ибрагимова, наводно вдовица ја еден од востаниците во Кавказ.
Наведено е дека таа е можеби поврзана со организирање на терористички напад околу Олимписките игри 2014.
Новинарите на Си-еН-еН добиле леток кој датирал од 15 јануари од еден вработен во хотел во Сочи, на кој пишува дека властите добиле информација дека Ибрагимова пристигнала во Сочи минатата недела.
Кон крајот на декември минатата година во да последователни терористички напади во Волгоград животот го загубија 34 луѓе, а поголем број беа повредени.