Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пановски: Ако кај починатата е најден КОВИД-19 ќе ја смениме светската историја

0
By Нова ТВ on April 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 11, 2020 20:29

Фото:Батали.нет

Микробилогот, професорот Никола Пановски смета дека доколку дефинитивно се потврди дека тестот кај почината велешанка е позитивен, а жената починала уште во јануари тоа може да ја смени целата светска историја. Но, ако пак, во државата имало коронавирус во јануари досега ќе имаше илјадници починати од вирусот, вели за НОВА, Пановски 

Министерството за здравство се коригира и ја проширува истрагата за велешанката која беше пронајдена мртва во станот заедно со својот син. Во истрагата се вклучуваат и повеќе институции, а се прават и дополнителни анализи.

Откако вчера на прес конференција министерот Филипче соопшти дека починатата е позитивна на коронавирус, а тестот кај нејзиниот син е негативен од Министерството за здравство  информираат дека се прави уште една анализа за да се потврди резултатот.

“Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус. Што се однесува до останатите првични информации за случајот, засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела“, информираат во Министерството за здравство.

Од таму посочуваат дека резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната  недела, треба да откријат во кој период таа починала.

„Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи“, велат од Министерството за здравство.

Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка.

Ваквата изјава дека вирусот е најден во дишното стебло кај жена која била подолго време почината ја разбранува стручната јавност, со кометари на социјалните мрежи се јавија многу лекари, но и експерти од оваа област.

проф. др. Никола Пановски, микробиолог

Микробилогот, професорот, Никола Пановски вели дека не смеат да се објавуваат непотврдени резултати и дека ваквиот наод е лажно позитивен бидејќи во мртви клетки не може да живее вирусот. Тој смета дека доколку тестот бил позитивен требало да се потврди во уште десеттина светски референтни лаборатии, а потоа да се објави бидејќи ова може да ја смени целата светска историја.

„Вирусот не може да биде жив во мртво тело, се разбира. Доколку се потврди дека е позитивен, а жената починала уште во јануари тоа може да ја смени целата светска историја. Ако во државата имало коронавирус во јануари досега ќе имаше илјадници починати од вирусот. Тоа ќе значи дека вирусот почнал кај нас некаде во исто време со Кина, меѓу првите земји од светот“, изјави за НОВА, професорот Пановски.

Тој посочува дека РНК од вирусот може да се најде и по векови, што значи дека ако на било кој жив или починат му се направат молекуларни тестови ќе се најдат стотици РНК и ДНК од вируси, бактерии, габи, протозои. Дали тоа значи дека е болен од нив или ако е починат, смртта настапила од тоа, потенцира Пановски.

Прашање е зошто воопшто правеле тест, вели тој и посочува на фактот дека е можно некој од тие што први влегле во станот, пожарникарите на пример, да е позититивен на коронавирус и тоа да влијаело на резултатот.

Медиумите вчера објавија дека мајката и синот најверојатно починале во јануари, а биле пријавени кога од станот почнала да се шири миризба и посмртно биле тестирани на коронавирус. Тие последен пат биле видени после новогодишните празници.

Се отвора и дилемата доколку биле починати пред една недела, како што сега тврдат од ресорното министерство, како е можно да се шири миризба од распаднати тела за толку кратко време.

доц.др. Венко Филипче, министер за здравство

Вчера, министерот Филипче рече дека не ја исклучува можноста вирусот Ковид-19 во земјава да бил присутен и многу порано, пред официјално да се детектира првиот случај.

„Кај едно од лицата од Велес откриен е вирусот во примерок од дишното стебло. Тешко е да се каже причината за смртта, но во насока на тоа што значајно е зголемена бројката на заболени од грип годинава, не е исклучена можноста вирусот и да бил присутен и порано,  особено поради асимптоматските носители на вирусот“, изјави Филипче на прес конференција.

Во државата првиот случај на заразен од коронавирус беше регистриран на 26 фебруари, кај жена која допатува од Италија.

Годинава се регистрирани 37 000 заболени од грип, што е за 17 000 повеќе од минатата година. Во тој зголемен број на случаи можно е да имало и заболени со коронавирус, посочи Филипче уште пред неколку дена и најави дека дополнително ќе се анализираат примероците од заболените од грип годинава кои се чуваат во Институтот за јавно здравје.

Сепак, потенцира дека тоа бара опсежна анализа, а во моментот примарно е дијагностицирањето и лоцирањето на новите случаи. Со ваквата анализа која би се изработила кога ќе стивнат новите случаи, рече Филипче, се очекува да има се целосна слика за коронавирусот во државата

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.