Соопштението доаѓа откако минатата година беа откриени знаци на необележани гробници со посмртните останки на десетици деца.
„Чувствувам срам и болка“ за „жалосните“ злоупотреби, рече папата. „Барам прошка од Бога и им се придружувам на канадските бискупи во извинувањето“.
Франциск исто така вети дека ќе отпатува во Канада, каде што ќе може подобро да ја покаже како што навел „мојата блискост“ како дел од процесот на исцелување и помирување.