Папата Франциск денеска ја нарече војната во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да биде прекинатата оваа неприфатлива војна.
„За жал, насилната агресија против Украина не стивнува“, нагласи папата во неделната миса пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Тој потенцира дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства.
„Нема оправдување за ова“, рече папата Франциск, кој повторно не ја наведе Русија како агресор. Тој, исто така, ги повика сите актери во меѓународната заедница да работат на прекин на војната.