Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папата Франциско: Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца

0
By Нова ТВ on October 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Папата Франциско е првиот понтиф кој што ги ги поддржал граѓанските истополови бракови и хомосексуалните заедници. Во документарец, кој  беше премиерно прикажан во Рим, тој изјави дека геј-луѓето треба да може да го легализираат своето партнерство. Тоа е една од неговите најдиректни пораки во врска со правата на хомосексуалците, јавува Дојче веле.

„Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца. Никој не смее да биде исфрлен и никој не смее да се чувствува мизерно поради тоа. Она што мора да го имаме е закон за граѓанска заедница, на тој начин тие ќе бидат законски покриени“, рече Папата, поддржувајќи го животното партнерство на хомосексуалците, што е досега невидена позиција во рамките на Католичката црква.

Папата на тој начин се осврна на времето кога, како Архиепископ од Буенос Аирес, се спротивстави на истополовите бракови, но ја поддржа идејата правата на истополовите парови да бидат законски заштитени на некој начин.

Папата Франциско овие ставови ги претстави во документарниот филм „Франциско“, што беше прикажан на Филмскиот фестивал во Рим, посветен на неговиот живот.

Документарниот филм во режија на Евгениј Афиневски говори за папството на Франциско во последните 7,5 години. Во филмот се разработува и неговиот однос во расчистувањето на скандалите за сексуални злоупотреби во Црквата.

Директната поддршка за геј-заедницата од страна на Папата претставува израз на сосема поинакво гледиште од неговите претходници. Според биографот на папата Остин Ајвери, неговите коментари во филмот се едни од најдиректните изјави на Франциско по ова прашање откако беше избран за папа во 2013 година. Папата зборуваше во делот од филмот посветен на Андреј Рубери, хомосексуалец кој со својот партнер посвои три деца.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.