Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папата одржа миса на Бадник

0
By Ivana on December 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска одржа миса на Бадник пред околу 1.500 верници во црквата Свети Петар, држејќи богослужба и покрај новиот скок на бројот на случаи на Ковид-19 во Италија.

Папата со маска на лицето прошета низ централниот премин на црквата со пеење на хорот на Сикстинската капела, која ги започна богослужбите по повод Божиќните празници во Ватикан, кога се слави раѓањето на Исус во Витлеем.

Полноќната миса всушност започна во 19.30 часот, делумно поради издржливоста на 85-годишниот папа, а делумно како нешто што е пренесено од минатата година кога богослужбата мораше да заврши пред полицискиот час кој беше во сила низ Италија.

Оваа година нема полициски час, но бројот на случаи неделава скокна дури и над нивото од 2020 година. Италија втор ден по ред има нов дневен рекорд на новозаразени со 50.599 случаи. Во претходните 24 часа починаа 141 лице, со што вкупниот број на починати во земјата во пандемијата се искачи на 136.386.

Државниот секретар на Ватикан воведе нова задолжителна вакцинација за сите вработени во Ватикан, проширувајќи ја на сите освен оние кои го прележале коронавирусот. Претходно, вакцинацијата беше задолжителна само за оние кои се во директен контакт со јавноста, како што се вработените во Музејот на Ватикан и членовите на Швајцарската гарда, додека другите можеа да одат во просториите на Ватикан со редовно тестирање.

Задолжителната вакцинација не важи за верниците кои присуствуваат на миса, но тие мора да носат маски.

Папата Франциск рече дека вакцинацијата е „чин на љубов“ и ги повика побогатите земји да обезбедат вакцини за земјите во развој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.