Парагвајски обвинител за организиран криминал, Марсело Печи е убиен за време на меден месец во Колумбија, јави „Би-Би-Си“. Тој бил на плажа на популарниот остров Бару, при оружениот напад на две лица.
Како што изјавила сопругата, новинарката Клаудија Агилера, Печи не добил никакви закани. Едно од вооружените лица „без збор пукал во Марсело два пати, пришто еден куршум го погодил во лицето, а друг во грбот“.
Парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитез пукањето го опиша како „кукавичко убиство“.
Печи специјализираше за организиран криминал, трговија со дрога, перење на пари и терористичко финансирање.
Во 2020 година, тој имаше улога во случајот против поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо, кој беше уапсен при обид да влезе во Парагвај со лажен парагвајски пасош.