На вкупно 83 спортисти од Русија и од Белорусија им е забрането учество на параолимписките игри во Пекинг, соопшти Интернационалниот параолимписки комитет утрово, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Сојузот цврсто верува дека спортот и политиката не треба да се мешаат, но војната, сепак, пронајде пат до овие Игри и многу влади имаат задкулисно влијание на нив, рече Ендрју Парсонс, претседател на параолимпискиот комитет.
Според неговите зборови, одлуката е донесена поради безбедност и сигурност на спортистите, бидејќи ситуацијата во олимпиското село станувала „сè понапната до ниво на неиздржливост“.
Парсонс притоа додаде дека параолимписки комитет од повеќе држави се заканиле со повлекување од настанот, доколку на спортистите од Русија и од Белорусија им биде дозволено да се натпреваруваат, а евентуалното нивно повлекување би ги направило Параолимписките игри неодржливи.