Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз 2024: Спектакулатно почна и синоќа спектакуларно и заврши 33-тата Олимпијада

0
By Zoran Ivanov on August 12, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Париз завршија 33-те летни Олимписки игри. Учествуваа повеќе од 10.000 спортисти од 206 земји, како и тимот на бегалци.

За Македонија во Париз настапија атлетичарот Дарио Ивановски (маратон), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Милјана Релјиќ (таеквондо).

Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ја претставуваа и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).

За разлика од церемнијата на отворањето, која за прв пат во историјата се одржа надвор од стадионот, со бродска парада по реката Сена, во должина од шест км и во присуство на околу 300.000 гледачи, затворањето се одржа на „Стад де Франс“ пред повеќе од 70.000 гледачи.

Затворањето беше наречено „Рекордс“ и го режираше Томас Џоли, кој беше и уметнички директор на свеченото отворање. „Стад де Франс“ беше претворен во голем театар.

Учествуваа повеќе од 270 изведувачи, акробати, танчери и циркуски уметници. Огромната сценографија, костимите и спектакуларните светлосни ефекти ја однесоа публиката на патување низ времето, минатото и иднината. Дел од претставата се одвиваше во воздух.

Церемонијата вклучуваше и секвенца наречена „Записи“, која донесе патување низ времето како сон, предводено од „Златниот патник“. Неговата одисеја почна на почетоците на ОИ пред да продолжи во научно-фантастична дистописка иднина каде што ОИ исчезнуваат и мора повторно да се обноват.

На патот, „златниот патник“ откри симболи на мир и единство кои ги поддржуваат вредностите на олимпизмот. Овој лик е инспириран од референци од француската историја, вклучувајќи го и „Духот на Бастилја“, како и суштества од научна фантастика и видео игри.

Смислив претстава во која Олимписките игри уште еднаш исчезнуваат, а некој доаѓа и ги воспоставува. Сакаме да славиме, но свесно. Овој момент на славење ќе биде и можност да размислиме за важноста на Игрите во нашето општество , рече Џоли.

Церемонијата почна во „Жарден де Тилери“ (Jardins des Tuileries), каде што се наоѓаше олимпискиот котел,  а Захо де Сагазан и хорот на Академијата Хендл-Хендрикс ја изведоа безвременската класика „Под небото на Париз“ (Sous le ciel de Paris) од познатата Едит Пјаф.

Песната го придружуваше гасењето на олимпискиот оган и заминувањето на пламенот, во рацете на четирикратниот златен медалист, францускиот пливач, Леон Маршан кон „Стад де Франс“ каде што продолжи „прославата“ и дефилето на спортистите.

Во протоколарниот дел ,претседателот на Организацискиот комитет, Тони Естанже, им се заблагодари на сите учесници, волонтери, гледачи, а особено на спортистите. Спортистите и сите присутни ги поздрави и првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах

Вашите настапи беа неверојатни, се натпреварувавте жестоко, на работ на совршенството. Ни покажавте какви височини се способни да достигнат луѓето.

Олимписките игри во Париз 2024 година беа прослава на спортистите и спортовите, со целосна родова еднаквост Ова беа сензационални Игри, од почетокот до крајот, и ќе се осмелам да кажам: Сена-зационални, рече Бах.

Еден од поинтерсните моменти на церемонијата беше предавањето на олимпиското знаме од градоначалничката на Париз, Ан Идалго, на градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, домаќинот на следните ЛОИ 2028 година.

На затворањето присуствуваше американската филмска ѕвезда, Том Круз, кој сними неколку видео кадри во април на мотоцикл со големо олимписко знаме на улиците на француската престолнина, а потоа и во близина на холивудскиот знак над Лос Анџелес.

Круз се спушти од покривот на „Стад де Франс“, сподели тони селфи, го зеде олимпиското знаме, излета од стадионот со мотоцикл, се возеше по улиците на Париз,  се качи на авион за ЛА, а потоа скокна со падобран на познатиот холивудски знак!

Неговото видео во стилот на филмската франшиза „Невозможна мисија“, во која тој глуми, симболично го означи затворањето на ОИ во Париз и отворањето на ОИ во ЛА.

На самиот крај од церемонијата на „Стад де Франс“ се појави Леон Маршан носејќи го пламенот, што го изгасна заедно со францускиот џудист, Теди Ринер, австралиската пливачка, Ема Мекеон, кубанскиот борач, Михаин Лопез, кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге, пинг-понгарката од Кина,  Сун Јингша и претставник на тимот за бегалци, Синди Нгамба.

Одличната вечер во Париз заврши со песната „Мојот пат“ на Френк Синатра, и со огромен огномет.

По ЛОИ, француската престолнина, Париз, ќе биде домаќин и на 17-то издание на Параолимписки игри (ПОИ).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.