НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз: По сто години повторно во градот на светлината -спектакуларно отворање на Олимписките игри 2024 со свечено дефиле на олимпијците над Сена

0
By Zoran Ivanov on July 26, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешен ден, 26 јули оваа година се одбележуваат 100 години откако последен пат Париз беше домаќин на овие игри во 1924 година. Олимпијадата е настан што сите со нетрпение го очекуваме. Престиж за секој спортист е да учествува во неа, да даде сѐ од себе и да се бори за медал, а за сите пасионирани гледачи тоа е можност за уживање.

Ваквите врвни спортски случувања традиционално претставуваат можност за постигнување врвни резултати од страна на спортистите коишто остануваат запаметени од страна на гледачите. Во тој дух, Карл Луис, легендата на атлетиката има изјавено: „Не мислам дека некој има контрола врз мојата судбина освен јас самиот и чувствувам дека имав способност да постигнам сѐ што сакав да постигнам и му благодарам на Бога за поддршката што ја добив.”. Неговата кариера е богата со 9 освоени златни медали, вклучувајќи и 4 последователни од 1984 до 1996 година. Пливачот Мајкл Фелпс, пак, става акцент на визијата којашто секој спортист треба да ја поседува: „Не можете да поставите граница на ништо. Колку повеќе сонувате толку подалеку ќе стигнете.” – вели во својата изјава, а на Олимписките игри во Пекинг 2008 година освои 8 последователни златни медали и постави 7 светски рекорди.

Оваа година на овој меѓународен мултиспортски настан ќе има 32 спорта, коишто веќе ни се познати, но и 4 новитети – брејкденс, спортско качување, скејтборд и сурфање. Овие дополнувања претставуваат значаен чекор напред во модернизирањето на Олимписките игри за тие да бидат порелевантни за новата генерација.

Кај нас, Олимписките игри ќе може да се следат на Magenta TV во 4К ултра HD резолуција. Со почетокот на Олимпијадата ќе започне и емитувањето на Eurosport 4K – нов канал на програмата на MagentaTV којшто ќе емитува пренос од сите случувања на најголемиот светски спортски настан во 4K, со кристално чиста слика и највисока можна резолуција.

Овој нов канал, Eurosport 4K, ќе се појави на MagentaTV на време за свеченото отворање на 26 јули и на него ќе бидат прикажани преку 200 часа од натпреварувањата во различни дисциплини од летната Олимпијада во ултра HD квалитет. По завршувањето на Олимписките игри на 11 август, каналот ќе  остане како дел од програмата на MagentaTV. Исто така, од овој датум ќе се емитуваат и спортските канали: Eurosport 3, канал на којшто ќе се емитуваат натпревари во тенис, пинг-понг и голф;  Eurosport 5, канал на којшто ќе се емитуваат сите фудбалски натпревари и  Eurosport 6, канал на којшто ќе се емитуваат сите кошаркарски натпревари.

Кога една земја е домаќин на летна олимпијада, историјата покажува дека токму таа земја има тенденција да се претстави во најдобро светло. Последните три домаќини – Јапонија, Бразил и Велика Британија – завршија повисоко на табелата за медали во споредба со претходните три Олимписки игри на коишто присуствуваа пред да бидат домаќини.

Иако е прерано да се знае дали Франција ќе го продолжи овој тренд во 2024 година, историјата секако е на нивна страна. Како резултат на тоа, можеме да очекуваме тие да се пласираат повисоко овој пат. Оваа година се очекуваат над 10.000 спортисти од повеќе од 200 различни земји коишто ќе се натпреваруваат.

Македонија учествува со 6 свои натпреварувачи во повеќе дисциплини, а гледачите секако очекуваат некој нов медал за некои од нашите спортисти. Од последните олимписки настани, го паметиме Дејан Георгиевски којшто на 22-годишна возраст го донесе сребрениот медал за Македонија од Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Започнуваат Олимписките игри Париз 2024!

„Игри ширум отворени“ е мотото на 33. Олимписки игри во Париз, кои официјално се отвораат вечерва, иако некои натпревари веќе почнаа. Француската престолнина е домаќин на летната олимпијада за првпат по 100 години и најголемиот дел од натпреварувањата ќе се одвиваат во и околу најпознатите градски области.

Церемонијата на отворањето, која почнува во 19:30 часот, ќе биде посебна и првпат во историјата нема да се одржи на стадион, туку спортистите и делегациите ќе пловат шест километри по Сена во 100 бродови, а на брегот се очекуваат 300.000 гледачи.

Малку детали се знаат за настанот, се шпекулира дека ќе настапат Селин Дион и Леди Гага, а уметничкиот директор на отворањето Томас Жоли изјави дека сакал да ја прикаже Франција во сите нејзини различности. Игрите во Париз се првите кои постигнаа целосна родова еднаквост, па ќе настапат 5.250 спортисти и исто толку спортистки. Македонија ќе има шестмина претставници.

Игрите ќе се одржуваат и под засилени безбедносни мерки, па така во секој момент ќе патролираат 5.000 полицајци, војници и ангажирани чувари. Реката Сена ќе биде оградена за време на вечерашната церемонија и пристапот до одредени области ќе биде строго ограничен и контролиран.

Се проценува дека цената на организацијата е девет милијарди евра и се најавува дека ова ќе бидат најзелените ОИ во историјата, при што се изградени само две нови спортски арени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.