Параолимписките Игри ќе бидат отворени вечерва во францускиот главен град. Ќе учествуваат 4.400 спортисти со инвалидитет, трајни повреди или оштетувања. Ќе натпреваруваат за 549 медали низ 22 спортови.
Француската престолнина, која штотуку беше домаќин на Олимпијадата, повторно ветува дека ќе биде уште еден спектакл, со многу од истите локации кои ќе бидат домаќини на Параолимписки натпревари.
Историскиот плоштад Place de la Concorde, кој беше домаќин на скејтбординг, брејкденс и 3×3 кошарката за време на Олимпијадата, ќе биде домаќин на свеченото отворање.
Република Северна Македонија ќе ја преставува Оливера Накова – Биковска во три дисциплини во стерлаштво.
Игрите ќе траат 11 дена.