На аеродромот Бурже француската полиција го уапси Павел Дуров, коосновач и извршен директор на агенцијата Телеграм.
Според тамошните медиуми Дуров со приватен авион пристигнал на парискиот аеродром со сопругата и телохранителите и вчера веднаш бил изведен пред истражен судија на Националната канцеларија за борба против измами. Француското правосудство смета дека е тој „соучесник во бројните измами кои секојдневно се случуваат на Телеграм“. Медиумите наведуват и декасе сомничи и дека ќе биде обвинет и за „тероризам и педофилија“.
Според француските медиуми, 39-годишниот милијардер е уапсен по потерница за злосторства поврзани со популарната апликација за пораки. Според извештајот на TF1, Дуров е обвинет за повеќе кривични дела, вклучително и поддршка на тероризам, поседување дрога, измама, перење пари, примање украдена стока и поседување педофилска содржина.
Дуров во јавноста се доживува како претприемач, роден е во Русија, а живее во Дубаи каде што е централата на агенцијата Телеграм. Се наведува дека има двојно државјанство, француско и на Арапските Емирати.
Американското списание Форбс богатството му го проценува на 15,5 милијарди долари