Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

19-ти април – Хроника

Синоќа од Охрид и Струга, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски порача дека ЕУ е единствената шанса за напредок на државата.

– Нема застанување додека Македонија не ја направиме дел од Европа, нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија, нема откажување од иднината. Изборот е јасен – победничка европска Македонија, им порача Ковачевски на охриѓани.

Од Струга, пак, тој истакна дека на земјата ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, наместо национално единство за мораториум и оти тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да се донесе на овие избори.

Коментирајќи го говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во Охрид, во четвртокот, за македонско единство и за мораториуми, тој рече дека се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во, како што нагласи, главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Крива Паланка, повика за национално единство до опозицијата.

-Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде.  Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа, рече Мицкоски.

Според него, овие избори се последна шанса за спас, промените се можни и се на дофат.

Кандидатот за претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски оцени дека Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и продолжена рака на оваа коалиција.

Кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитриевски, синоќа од Велес порача дека нема да коалицираат, ниту ќе разговараат со некој за идна коалиција без претходно да бидат потпишани и дефинирани црвените линии за државата.

-Сакам да упатам една порака, бидејќи рековме дека со ова актуелно раководство на СДСМ, коешто многу се огреши и кон народот и кон Македонија, нема теоретска шанса да разговараме за идна коалиција. Но, сакам  да испратам порака и до оние кои беа власт претходно. Дека пред да седнат со нас на маса ќе треба да расчистат со основниот проблем кај нив и сето она што значи заостанати коруптивни дела од претходната  власт, бидејќи немаме намера да менуваме едни за други исти, рече Димитриевски. Притоа, тој му порача на Мицкоски да внимава што, како и на кој начин ги презентира своите понуди и да внимава какви понуди дава, бидејќи за членовите на ЗНАМ зборот има тежина.

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи вчера од Сарај им вети на младите дека доколку биде избран за претседател ќе создаде држава во која без разлика на етничката припадност секој ќе има можност да ги оствари своите соништа. Претходно на средба со стопанските комори најави дека ќе предложи создавање национален совет за економски раст, во кој би членувале претставници на политичките партии и економски чинители, а кој би функционирал како еден вид на државен управен борд со цел постигнување на државен консензус по однос на клучните параметри и регулативи за еден забрзан и одржлив развој.

– За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и избор на претседател во Собранието, онака како што бараат албанските партии во Република Македонија, рече Јакимовски.

Денеска во просториите на Државната изборна комисија ќегласаат и членовите на избирачките одбори кои треба да заминат во странство поради гласањето на дијаспората која ќе гласа ден пред изборите кога ќе гласаат и болните и изнемоштени лица и затворениците.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.