Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентот клучен во планот за решение на кризата

0
By Борјан Јовановски on April 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои се одвиваат со посредство на европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгел влегуваат во трета рунда кога веќе се очекува да се исцртаат контурите на евентуалниот политички договор кој би водел кон излез од оваа тешка политичка криза во која е западната државата. Постепено, во овие преговори се очекува да се вклучат и ДУИ и ДПА и преговарачкиот процес да се упати кон негова завршница во Собранието преку Собраниска анкетна комисија која ќе биде ад хок создадена за да расчисти со сите контроверзи на ова тешка афера, дознава НОВА од дипломатски извори.

За процесот да може да отпочне, ќе треба да се убедат социјалдемократите да се вратат во собраниските фотелји. Се разбира, до тоа нема да може да дојде во актуелната статус кво позиција на која инсистира ВМРО ДПМНЕ. Владата на Груевски ќе мора да се ослободи барем од неколкумина свои битни играчи компромитирани од бомбите на Заев.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и првиот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков се првиот таргет, поради тоа што тешко е да се претпостави ефикасност на новата анкетна комисија доколку портите на УБК и МВР ги чуваат овие двајца битни играчи на Груевски, воедно и директно инволвирани во аферата.

Нивните позиции ќе мора да бидат заменети со личности за кои ќе се обезбеди консензус. Оваа отстапка на Груевски, во чијшто пакет би се нашле и министрите за транспорот и врски Миле Јанакиески и за финансии Зоран Ставревски, ќе го отвори патот за враќање на опозиционерите во Собранието. Оттука произлегуваат и експлицитните временски координирани пораки од официјални Вашингтон и Берлин за потребата од преземање на политичка и морална одговорност која произлегува од содржината на телефонските разговори, како и се позачестените пораки од Брисел дека Македонија во октомври ја губи препораката за старт на преговори доколку нема поместување од мртвата точка во правец на изнаоѓање на политичко и правно решение на оваа криза.

Во втората фаза со опозицијата во Собранието ќе се пристапи кон формирање на анкетната комисија, именување на нов јавен обвинител или создавање на нова функција во обвинителството по моделот на хрватски УСКОК која ќе се занимава со сите афери кои произлегоа од аферата со прислушувањето. Во оваа втора фаза која ќе започне веднаш по враќањето на опозицијата на дневен ред би се нашле и нови решенија за МРТВ со цел да се надмине медиумската блокада која власта сега ја држи кон опозиционерите.

Ова се смета за компромисно решени меѓу засега дијаметрално спротивставените барања на власта, која бара безусловно враќање на опозицијата во Собранието и она на СДСМ кое како услов за враќање во парламентот бара оставка на владата.

Според информациите на НОВА, во Советот на министрите и Европската комисија постои голем интерес кризата во Македонија да биде што поскоро разрешена за ЕК да не биде доведена во ситуација да ја повлече препораката за преговорите бидејќи евентуалниот неуспех на овој процес во Македонија би можел да го доведе во прашање и онака нарушениот кредибилитет на концептот на проширувањето на ЕУ што би се одразило во целиот регион на Западниот Балкан.

ЕУ меѓу другото е соочена и со потребата за отчет во нивната јавност околу ефикасноста на стотиците милиони евра вложени во реформските процеси во Македонија и земјите во регионот и тоа токму во областа на владеењето на правото кое се покажува како најголем проблем во една експлицитна форма каква што се открива во содржината на телефонските разговори кои ги објавува опозицијата.

Земјите членки на ЕУ како и фондовите на Унијата издвоија огромни финансиски средства кои беа вложени во реформите на обвинителството и судскиот систем како и во изградба на потребните капацитети за нивна независност и ефикасност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.