Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиски притисоци во Струмица –по телефон ги викале учениците на екстерно

0
By Томе Христов on January 28, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во единственото средно училиште во Струмица „Димитар Влахов“, каде што не се извршува екстерно тестирање вчера имало силни закани и притисоци.

Во 13 часот попладне, по телефон и по итна партиска наредба биле повикани 20-тина ученици да дојдат во училиштето со цел да се изврши екстерно тестирање, пишува во реакцијата на училиштето.

Бидејќи професорите во СОУ „Димитар Влахов“ штрајкуваат, главни актери биле наставници од други училишта со сомнителна стручна спрема назначени од страна на МОН, велат наставниците.

Тие додаваат дека тестаторите биле пуштени под закана, сe со цел тестирањето да се спроведе по секоја цена.

„Учениците беа уредно известени и беа во просториите точно навреме во 9 часот, но исто како претходниот ден, испитот не почна, бидејќи членовите на испитната комисија се во штрајк. Под итна постапка беше формирана испитна комисија во неполн состав, а од страна на партиски кругови, учениците беа повикани по телефон да се вратат во просториите на училиштето. Од вкупно 300 ученици, во 13 часот дојдоа само 20-тина и истите беа екстерно тестирани. Ваквиот преседан беше направен со цел да се каже дека, еве и во СОУ „Димитар Влахов“, единственото училиште во кое не почна екстерното тестирање, бидејќи вработените се во штрајк, истото е спроведено. Воопшто не се водеше сметка за исправноста на постапката, многу поважно беше до МОН да стигне информација дека тестирањето „УСПЕШНО” се спроведува“, стои во реакцијата.

За апсурдот да биде поголем, на професорите кои штрајкуваат не им било дозволено да излегуваат од просторијата за штрајкување, дури ниту да ги извршуваат физиолошките потреби, за да не го попречуваат процесот на тестирање.

„Едноставно вработените се чувствуваа како заложници на сопственото работно место. Исто така има информации и дека во текот на тестирањето на учениците им било дозволено да користат литература и мобилни телефони за да препишуваат, како би добиле поголеми оценки се со цел професорите да бидат казнети“, стои во реакцијата.

Наставниците од СОУ Димитар Влахов велат дека ваквите постапки никому не одат во прилог, а посебно не на учениците. Најавуваат дека резултатите од екстерното тестирање нема да ги прифатат и ќе поднесат приговор до ДИЦ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.