НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патот од препораката до преговорите допрва започнува

0
By Борјан Јовановски on April 17, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија од денес се врати на нулта позиција во однос на евро интеграциските процеси. Владата на Заев успеа да го надомести минусното салдо кое го направи Груевски. Во таа смисла Македонија може да се каже дека се врати на патот на кој допрва треба да тргне да патува. За жал патот не е ниту брз ниту рамен. На него е испречена Грција која без договор за името нема никакви изгледи да го одобри стартот на преговорите кој го препорача Европската комисија а во актуелните геополитички констелации нема ниту изгледи некој од европските влијателни држави да изврши било какво влијание врз официјална Атина за таа без договор за името да даде зелено светло за старт на преговорите за членство. Дополнително како стојат работите во Берлин, Париз и Хаг грчката рампа во евроинтеграциските процеси може и некому да се допадне во споменатите три влијателни европски престолнини.

Францускиот претседател Емануел Макрон до Стразбур испрати јасна порака дека нема намера да го поддржи процесот на проширувањето се додека како што рече не се најде начин да се реформира ЕУ. Оваа негова позиција има голема поддршка од Германија и Холандија кои како влијателни земји членки го споделуваат  ставот на францускиот претседател. Гледано од перспективата на ЕУ Макрон  не е без аргументи ако се земе во предвид искуството на ЕУ со Унгарија во која по трет пат власта на избори ја освојува Виктор Орбан со експлицитни антиевропски политики и авторитарни тенденции кои почнаа да ги нагризуваат виталните органи на европската конструкција. Ништо подобро не е ниту искуството со Полска чија забегано десничарска влада охрабрена од антиевропскиот успех на Орбан како да влезе во трка со него за да докаже кој е по антиевропски и по авторитарен. Во пакетот се и Романија и Бугарија како дел од последниот бран на проширувањето кои еве скоро една деценија како членки не се во состојба да и се спротивстават на корупцијата но барем одржуваат пристоен демократски минимум како утеха за нивните спонзори меѓу кои најгласна во поддршката за нивниот зачленување беше токму Франција. Капак на се беше и одлуката на Британците да го напуштаат европското друштво што беше фатален удар врз кредибилитетот на ЕУ.

Што претставува ЕУ денеска тешко е да се најде вистински одговор и во таа смисла францускиот претседател е сосема во право кога вели дека ЕУ мора да најде начин да ги ревитализира базичните вредности на кои е таа конструкција поставена. Се разбира покрај  теоретските мотиви за блокада на проширувањето јасно се видливи и дневно политичките интереси како на Париз така и на Берлин. Екстремната десница во двете држави им дише во врат на проевропски ориентираните владејачки структури. Наредната година во мај се европските избори на кои постои голем ризик екстремната десница да ги засили позициите во Европскиот парламент а со тоа да избори место и во европската извршна власт, Европската комисија. Стравот од ваквиот можен исход на европските избори разбирливо го турка на дното на листата на приоритети непопуларното проширување на ЕУ.

Од друга страна не помалку во право е и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер кој во Стразбур му се спротивстави на Макрон со ставот дека ако проевропските актуелни влади на Балканот не ја добијат посакуваната перспектива можен е нов продор на националистите со голема поддршка на Москва што регионот лесно би го вратиле во нов циклус на воени конфликти. Јункер бара старт на преговори но одлуката ја носи Европскиот совет во кој гласаат шефовите на држави и влади на земјите членки.

Прашањето е какви се нашите изгледи по оваа препорака за старт на преговори за членство. Ако не поведе скептицизмот на Париз и Берлин во однос на нивната одлука до европските избори во мај наредната година да не држат во чекалната последиците можат да бидат опасни во смисла на обесхрабрување на актуелниот позитивен политички момент во државата барем во однос на европската реформска агенда што пак ја подотвора вратата на се поагресивната Москва чиј интерес  се сведува на стимулирање на поделби во регионот по етничка и религиозна линија.

Во Европскиот парламент очигледно започна сериозна дебата околу тоа како и колку брзо да се оди со проширувањето кон Балканот. Во оваа дебата Македонија треба да се вклучи што поскоро и на масата да приложи договор со Грција и многу конкретни резултати од реформските процеси. Ако Македонија успее на големата европска маса во јуни кога на неа ќе седнат шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ, да го испорача тоа, тогаш не е исклучено една мала Македонија која не е членка на ЕУ да одигра сериозна улога во полза на аргументите на Јункер во  исходот на дебатата која тој ја започна со Макрон во  Стразбур .

П.С

Искушенијата на патот кон ЕУ се големи, многу поголеми од било која влада. ЕУ е нашата цивилизациска обврска. Инаку на темата македонскиот пат кон ЕУ се присетив на една епизода на секогаш инспиративниот Зоран Џинџиќ. Имено за време на една посета на фабрика во Јагодина се сретнал со директорите и работниците. Се жалеле како немаат помош од државата за да им тргне работата. Џинџиќ на заминување пред вратата забележал еден часовник кој бил застанат па се свртел кон домаќините и кусо и рекол: “разбирам што се жалите дека немате суровини за работа, дека немате нова технологија и пазари каде да продавате ама луѓе зошто не ви работи овој часовник тоа барем зависи од вас” и заминал…

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.