Со мотото „Повторно се враќаме меѓу Вас“, ПДП(Партија за демократски просперитет) во Тетово ја презентираше изборната платформа за престојните парламентарни избори.
ПДП на овие избори ќе учествува со своја листа на пратеници само во 6-тата изборна единица каде што носител ќе биде поранешниот пратеник на оваа партија Мухамед Халили.
Од ПДП велат дека не стасале да состават листи и во другите изборни единици бидејќи не успеале да најдат, како што велат, заеднички јазик за коалицирање со другите помали албански партии, пред се НДП, во регионите на Куманово и Студеничани.