НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пеколни планови?!

0
By Zoran Ivanov on June 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ана Чупеска

Тешкото одвојување и предавање на власта, знаеме сите, е една авторитарна карактеристика која несомнено ги следи ВМРО ДПМНЕ. Ако, ги заборавиме лудите идеи на шарлатанот Брат Љубе во 2002, кога по поразот на изборите имаше обиди за насилство врз институциите кои за среќа не му поминаа; не ги забораваме и сведочевме на судски процеси врзани за пеколниот план на непредавањето на власта во 2016-2017. Тоа непримопредавање траеше, горе доле околу една година, а главна ѕвезда на апсурдот беше Трајко Вељановски во улога на Претседател на Собранието.

Ефектот од ова, заврши со ударот врз уставниот поредок познат како 27 април. Тука, дозволете да потсетам, повторно претходеа месеци и месеци протести, контрапротести, но и драматични поетски читања под наслов “ноќ на ножевите”; хистерични албанофобни фанатичности, како “Тиранска платформа”, уроти, завери сл . Денес, да не им пречи Приштинската врска. На истите овие, де…

Но, имаме сега уште еден субјект, залепен за институциите. Погодете кој е ?

Не можам да сфатам зошто толку очајно изгледаат нивните постизборни активности, особено оние низ кои провејува заканувачката нота. Ред закани, ред ЕУ; Ред солзи, ред мрсули…

Па и декларации и што ти знам што не?! Не е вареојатно дека очекуваат овие од ЕУ да им речат на ВМРО “Ај бе жити се стајте ги во Влада, нема смисла, супер се дечкиве, а и да не плачат…”. Многу инфантилно! Како ВМРО да Ве менторирале, личите.

Ваквиот однос и реторика на Евро-фронтистите, станува уште понагласена, со одбивањето на Талат Џафери да ја напушти позицијата на технички премиер, дури и по цена и низ процедура да му се одземе пратеничката функција! WHY?

И сега легитимно е прашањето што е тоа што го тера Талат (кој за волја на вистината добро се носеше со функцијата Претседател на Собрание! Извонредно, би рекла!) на вакви очајно – хумористични потези?

Не е ваљда дека нашол начин и дека има намера да го достигне престигне Емила?!

Следствено, еве едно најдиректно прашање : дали политичарите во сега “Вашата” држава коваат пеколни планови?

Прашувам, затоа што господата од ЕФ, се толку бесни, што организира идикативен перформанс на ПАРА СОБРАНИЕ. И перформансот, симпатичен, вистина, но, со очигледна намера да ги провоцира ВМРО-ДПМНЕ. Тие, пак се лесно запаливи и чувствителни на темата. Докажано и низ судството. Зарем ова не го антиципирате ?!

И што е најважно, радикаликализираните говори на тој собир се навистина за срамота.

Дозволете да укажам:

Прво, како е можно од страна на ЕФ сите Македонци да бидат етикетирани дека се исти албанофобни ?! Кога не се!

Второ, сите Македонци не учествуваат во Владата, и не се претставени од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу Македонците има и такви кои НЕ СЕ ПРЕТСТАВЕНИ, и кои се срамат од полтичарите – генерално.

Трето, сите македонски партии имаат многу значајни меѓусебни разлики. На пример, СДСМ сè уште е мултикутрна и инклузивна, додека другите не се и СДСМ, не се одговорни за формирањето на Владата. Јасна е имено големата разлика КОНЦЕПТУАЛНА меѓу двете најголеми македонски партии точно по однос на мултикултурата! Vershtehen ?

Трето, меѓу граѓаните од македонска етничка припадност има голем број нексенофобични и граѓански ориентирани субјекти, кој ги заболе уво за етничката, или било која друга разлика и се со широк спектар на соц.либерална вредносна платформа и се борци за човековите права! Тие јасно и јавно се спротиставуваат на македонскиот етно-национализам! А сега ќе ги натерате да се бават и со албанскиот национализам.

Сакам да ги прашам од овој Европски Фронт: од каде Ви е правото на такви пеколни реторички скаламуции мобилизирани во ФРОНТ, па да ги етикетира сите Македонци како да се албанофоби?! Која е целта на тие навреди?!

Се сложувам дека албанофобијата е во пораст, но никогаш нема да се сложам дека сите Македонци се исти и дека сите Македонци се албанофоби!

Не сте во право!

Се сложувам и сум длабоко убедена дека аргументот за мајоризацијата е точен и исправен, и дека мнозинството нема право да “избира” свои Албанци; но, овој аргумент во нашата политичка историја веќе беше два пати истретиран како тоалетна хартија (со ваше учество), што неформалното консоцијативно правило на ”победник со победник”, престана да биде правило воопшто.

Најважно, и најпеколно; на линија на 45те Степени во најава.

Дали од Европските фронтови, намерно се пукаат провокативни куршуми кои се лесно запалливи за албанофобното македонско население, доминатно претставено во ВМРО?! И обратно?! Дали синхроните етно-наци реторички екскурзии, веќе не се ни екскурзии, туку се плански ?!

Дајте не се глупирајте, терате натпревари со ВМРО, во етно-наци образци, кои се крајно неодговорни, и на прогресот му се чинат како да се готви пеколен план.

Ние што не сме етнонационалисти сакаме напредок и демократски развој, и подеднакво ги доживуваме за смртоносни ваквите експозиции без разлика од која страна се сервирани (македонска или албанска).

Зарем не е доста од ова?!

Дали се враќаме во 93та ? Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.