Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски-Дуда: Македонија може да смета на поддршката на Полска за ЕУ-интеграцијата

0
By Ivana on November 19, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Полска ја покажува својата солидарност кон Македонија на патот кон нејзиното членство во ЕУ. Двете држави како членки на НАТО заеднички споделуваат и покажуваат солидарност, но нашата поддршка продолжува и понатаму, истакна полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателот Стево Пендаровски.

Дуда искажана благодарност за солидарноста од С Македонија и од претседателот Пендаровски во делот на проблемите на границата со Белорусија со кои во моментов се соочува Полска.

-Ваквата солидарност има свои историски корени, најпрво во времето на Граѓанската војна во Грција кога голем број бегалци беа примени во мојата држава, а исто така и во 1963 по разорниот земјотрес во Скопје кога Полска повторно во солидарност со Република Македонија достави помош, како и денешната донација на голем број дози на вакцини Фајзер. Чест ми е што можам да кажам дека таа солидарност продолжува и денес. Република Полска ја покажува својата солидарност кон Република Северна Макеоднија на патот кон нејзиното членство во ЕУ. Чест ми е што и двете држави сме членки на НАТО и таму заеднички споделуваме и покажуваме солидарност. Но, нашата поддршка за Северна Македонија кон ЕУ продолжува и понатаму. Тоа е нешто во кое што јас за време на пленарниот состанок го уверив претседателот Пендаровски, рече Дуда.

Тој подвлече дека е факт оти во моментов се случува хибриден напад на границата на Полска која е и граница на НАТО, односно станува збор за Полска, Литванија и Латвија.

– Нападот е насочен кон полската граница која што имаме должност да ја обезбедуваме, но и секако да ја одбраниме територијата на Република Полска од нелегалната миграција. Ги правиме сите наши напори во поглед на тоа прашање и секако дека е од огромно значење поддршката која што ја добиваме од ЕУ и од НАТО која што и понатаму очекуваме да ја добиваме. Исто така во моментов би сакал да искажам и благодарност до претседателот Пендаровски за неговото разбирање за овој клучен проблем со којшто во моментов се соочува мојата држава, рече Дуда.

Пендаровски истакна дека Полска отсекогаш била наш силен и гласен поддржувач и покажува големо разбирање за позицијата во која се наоѓаме при тоа прави напори да помогне во надминување на препреките со кои се соочуваме не само билатерално туку и преку Вишеградската група, како и преку другите регионални форуми во кои членуваме, а во контекст на евроинтергациите.

-Веродостоен тест за кредибилноста на процесот на проширување ќе биде претстојниот Совет за општи работи на ЕУ во декември и можноста да направиме исчекор на тој пат. Поддршката за деблокада на нашите евроинтеграции е од исклучителна важност за стабилноста и просперитетот на целиот регион и дополнителен поттик за реформските процеси. Затоа во разговорите се осврнавме и на прашања кои се однесуваат на актуелната ситуација во регионот на Западен Балкан и во таа прилика ги споделив со претседателот Дуда нашите гледишта во врска со регионалните предизвици и отворените прашања, рече Пендаровски.

Покрај ова, како сојузници во НАТО двајцата размениле мислења и информации и за актуелната состојба на полско-белоруската граница при што Пендаровски истакна дека изразил целосна поддршка за надминување на ситуацијата.

-На претседателот Дуда му ја изразив нашата целосна солидарност и поддршка за надминување на оваа ситуација. Потврдив дека за нас како држава се целосно неприфатливи постапките на раководството на Белорусија со кои се оркестрира оваа хуманитарна криза. Продолжуваме да ја разгледуваме ситуацијата во рамките на НАТО и повикуваме на итно запирање на сите активности насочени кон натамошна дестабилизација на ситуацијата на границата на нашите сојузници Полска, Литванија и Латвија, додаде Пендаровски.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев. Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-полскиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел Мериот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.