Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски-Едштадлер: Наметнатите предизвици не смеат да бидат дел од преговарачката рамка

0
By Ivana on March 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, во рамките на нејзината посета на Република Северна Македонија.

Во контекст на австриската поддршка за евроинтегративните процеси на земјата и регионот, претседателот Пендаровски и министерката Едштадлер укажаа на итната потреба од ефектуирање на безусловната одлука од март 2020 година на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на преговарачкиот процес, особено по последните случувања во поширокото соседство и геополитичките и безбедносни предизвици врз европскиот континент предизвикани од руската воена инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски истакна дека Австрија како докажан пријател на регионот, има суштинска улога во приоритетизирањето на прашањето за политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и токму со оваа посета на министерката за Европа, во моментот кога во фокусот на ЕУ е друг регион од континентот, се валидира ургентноста на нашето европско досие.

Во таа смисла, претседателот Пендаровски се заблагодари за реафирмирањето на австриската позиција, за европската перспектива на Северна Македонија, како и ставот дека секое одлагање на меѓувладината конференција со ЕУ, може да биде сигнал за други сили кои работат спротивно на европските вредности.

Покрај ова, претседателот Пендаровски порача дека секое натамошно одложување на почетокот на преговорите, придонесува за растот на евроскептицизмот во земјата и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни.

На средбата беа разменети мислења и за статусот на преговорите со Бугарија и можните изгледи за деблокада на нашиот европски пат. Соговорниците се согласија дека наметнатите предизвици не смеат да бидат дел од преговарачката рамка и дека стратешката геополитичка улога на Унијата, особено потребна денес, мора да кореспондира со иднината и визијата на регионот, за што пак, историјата не смее да биде пречка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
ФОКУС

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

ВЕСТИ October 21, 2025

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот…

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.