Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Францускиот предлог е транзиционен компромис кој во овој формат и во оваа фаза е прифатлив

0
By Sashko on July 3, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката за прифаќање на модификуваниот француски предлог нема да биде ниту историски триумф, како што би сакале да кажат од едниот камп, ниту ќе биде историски неуспех или дебакл, како што велат оние од другиот камп, изјави претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност во Вила „Водно“.

„Според мене, станува збор за транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции во која се важни три елементи и затоа предлогот, според мене, во овој формат, во оваа фаза е прифатлив. Прво, со предлогот ја креваме бугарската блокада, која трае повеќе од две години, и дозволува формално отворање на преговорите по 17 години чекање. Второ, овозможува скрининг процес што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите. И трето, што е апсолутно најважно, не само за мене, туку за секој од нас, ама баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, затоа што за клучната, темелната одредница на тој идентитет, за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација, без фусноти“, изјави Пендаровски во образложението на неговиот став.

Пендаровски објасни и зошто предлогот го нарекува транзиционен компромис.

„Затоа што го решава актуелниот проблем, актуелнава блокада, но во себе им предвидено дефакто нова блокада која овојпат може да биде и најверојатно ќе биде наша, домашна. Знаејќи на внатрешната политичка констелација, потребниот праг за уставни промени од две третини во овој момент изгледа сосем недостижен. Во тој услов е содржан и најголемиот парадокс на предлогот. Имено, никој во принцип тука, дома кај, нас, нема против влезот на Бугарите во Уставот, но внатрешната поларизација го оневозможува консензусот по тоа прашање“, истакна македонскиот претседател.

Условот, според него, претствува и најголема слабост на предлогот, иако уставните измени ќе дојдат на дневен ред по скринингот или според некои експертски проценки, дури на почетокот на 2024 година.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.