Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски и Дуда на бизнис форум-потпишан меморандум за разбирање меѓу Агенциите за странски инвестиции

0
By Mirjana on November 19, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Анджеј Дуда, денеска се обратија на отворањето на полско-македонскиот деловен форум, кој се одржа во хотел Мериот, во Скопје.

На форумот, во присуство на двајцата претседатели беше потпишан меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и Полската агенција за инвестиции и трговија.

Чест ми е да ве поздравам на овој деловен форум. Тука со председателот Дуда сме дојдени заедно со една единствена цел – да ја поддржиме економската соработка меѓу македонските и полските компании, рече претседателот Стево Пендаровски.

Со Полска и полскиот народ имаме традиционално добри односи што датираат и пред независноста на нашите држави. На средбите со претседателот Дуда констатиравме дека меѓу нашите две земји нема отворени прашања, туку само отворени можности. Ние секогаш сме ја имале поддршката од нашите полски пријатели, особено во процесот на интеграција во НАТО и во Европската Унија. Добрите политички односи ни даваат одлична основа сериозно да влеземе во процесот на јакнење на економската соработка.

Како и целиот свет, и ние минуваме низ исклучително тежок период. Пандемијата на Ковид-19 сериозно ги загрози речиси сите гранки на светската економија. Македонското стопанство претрпе големи загуби. Глобалниот карантин драстично ја намали трговската размена меѓу државите. Иако годинава релевантните институции предвидуваат економски раст за нашата економија, сепак, сеуште се соочуваме со предизвици и турбуленции.

Во овој амбиент на неизвесност извесно е дека пост-ковид закрепнувањето на националните економии зависи од три фактори.

Првиот фактор е секако имунизацијата. Како во Полска, така и кај нас, пандемијата внесе неизвесност во приватниот сектор. Особено погодени беа производството, трговијата, транспортот и туризмот. Колку поголем дел од населението е имунизиран, толку побргу ќе може да се поврати динамиката на економската активност.

Вториот фактор е соработката. Како што соработката и солидарноста меѓу државите е клучна за справување со пандемијата, така и соработката меѓу компаниите е неопходна за надминување на економската криза. Вие преку вашите успешни бизнис резултати ја создавате реалната вредност од која зависи економското закрепнување, рече во обраќањето Пендаровски.

Третиот фактор е вложувањето во идниот развој. Државите што инвестираат во човечкиот капитал многу полесно ја пребродуваат пандемијата, имаат побрз економски раст и повисок степен на намалување на невработеноста и сиромаштијатa. Во оваа насока, Полска е секако позитивен европски пример и е една од ретките земји-членки на Европската Унија што во 2020 година немаше зголемена невработеност. Што се однесува до Северна Македонија, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав изготвувањето на стратегиската рамка за развој на државата наречена „МКД2030“.

Целта на проектот е да се утврдат политиките за развој на државата до 2030 година и целите кои треба да бидат постигнати. Документот ќе содржи проценка на силните страни на земјата во ресурси и човечки капитал и ќе ги утврди слабостите кадешто се потребни повеќе ресурси, труд и инвестирање во неразвиените сектори. Посакуваме „МКД2030“ да ја дефинира долгорочната стратегија и насоки каде Северна Македонија би требала да ги фокусира своите напори, со цел, да постигне напредок и подобар живот за своите граѓани.

„МКД2030“ се фокусира на повеќе меѓузависни теми, како што се вложувањето во образованието, дигитализацијата и ИТ секторот, земјоделството, екологијата и енергетиката, особено т.н. чиста енергија. Оние домашни и странски компании кои навреме ќе инвестираат во развојот на овие области кај нас ќе се стекнат со конкурентна предност на македонскиот пазар во наредните децении. Затоа, ја користам оваа прилика да ги поканам македонските и полските компании да размислуваат за можна соработка во областите што ќе бидат наши развојни стратешки приоритети.

Почитувани стопанственици,

Веќе постојат услови за зголемена соработка. Освен договорот за одбегнување на двојното оданочување имаме и договор за заемна заштита на инвестициите. Стопанската комора на Северна Македонија и Полската стопанска комора имаат долгогодишна формална соработка. Од 2018 година е воспоставена и редовна авио-линија меѓу Скопје и Варшава, а има и чартер летови од Варшава и Катовице до Охрид. Ме радува што некои важни полски компании веќе се пробиваат на македонскиот пазар. Денеска ќе направиме уште еден значаен чекор во таа насока. Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот и Полската агенција за инвестиции и трговија ќе потпишат меморандум за разбирање што ќе овозможи зголемена динамика во соработката. Очекувам бизнис заедниците на двете држави да ја искористат оваа можност и да се фокусираат на остварување на целите од меморандумот.

Имаме стопански гранки и компании со квалитетни производи и услуги од сферата на земјоделството и прехранбената индустрија. Познати сме по високо квалитетните вина што редовно освојуваат награди на светските вински саеми. Во последните неколку години Полска е на високото четврто место според бројот на странски туристи што ја посетуваат Северна Македонија. Културниот и духовен центар Охрид е привлечна дестинација за многу Полјаци.

Нашата соработка може да има и регионална компонента бидејќи Полска е земја-членка на Вишеградската група и Иницијативата „Три мориња“ додека Северна Македонија е дел од „Отворен Балкан“. Нашите две држави можат да бидат канал за пласирање на производите и услугите на пазарите што се дел од овие регионални иницијативи.

Почитувани стопанственици,

Работа на нас политичарите е да создаваме услови за бизнисите да може полесно да соработуваат. Се надевам дека овој форум ќе помогне за квалитетна соработка помеѓу компаниите од двете земји. Ви посакувам успешна деловна соработка, сигурен сум дека ќе размените многу идеи и продуктивни размислувања и ќе успеете да се поврзете на начин кој ќе биде од корист за унапредување на бизнис климата меѓу двете држави.

Не смееме да чекаме подобри времиња за да ја започнеме соработката. Подобрите времиња ќе дојдат само ако час поскоро почнеме да соработуваме, рече меѓу другото во своето обраќање Пендаровски.

 

ПОЛСКО- МАКЕДОНСКИ БИЗНИС ФОРУМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.