НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Многу е тешко да се дојде двотретинско мнозинство за уставните измени во овој Парламент

0
By Sashko on August 25, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за агенцијата „Анадолија“ изрази незадоволство од досегашниот процес на евроинтеграција на земјата, со оглед на тоа што по 17 години чекање со статус на кандидат, конечно почнуваат преговорите за зачленување.

„Ние бевме практично заборавени од Европската Унија и со серија уцени во меѓувреме, еве некако успеавме да направиме некаков компромис со Република Бугарија, со помош на француското претседателство и да почнеме со преговори. Меѓутоа, ако гледате наназад, еве од 2005 година сме со статус на кандидат, допрва сега да почнувате преговори, не може никој да каже дека сме со голем успех на тој план“, рече Пендаровски во интервју за Агенцијата Анадолија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Турција.

Според претседателот, чекањето не се должи толку на недостигот на реформи, туку и на отворените блокади. Тој, исто така, тврди дека и „неколку европски држави не беа заинтересирани за регионот на Балканот“. Потсетува дека Црна Гора и Србија преговараат веќе десет години за членство во ЕУ, но и дека сите држави од Западен Балкан чекаат да напредуваат кон Европската Унија.

„Босна и Херцеговина е државата која објективно најмногу пропати од распадот на бивша Југославија, со најмногу жртви, над 100.000 мртви и не знам, некои велат, и над два милиони раселени. Поради познатите внатрешни контрадикции, таа не може да напредува. Меѓутоа, и Европа, затоа што некои држави се поблиски до едниот ентитет, други до другиот ентитет, не им дава многу рака да ги извлече од тој амбис кон кој се приближуваат“, рече Пендаровски.

Како последица на ваквата ситуација, според него, младите од целиот Балкан се селат, додавајќи дека ниту една држава денес нема ни близу толку жители колку што имала пред 20-30 години.

Прашан во контекст на уставните измени кои произлегуваат од билатералниот Протокол потпишан со Бугарија, тoj e скептичен дека сегашнава опозиција во Парламентот има расположение да гласа за уставните измени. Пендаровски смета дека во досега потпишаните документи нема никаква опасност кон македонскиот идентитет и јазик, а дека ставот на опозицијата е наметнат од внатрешнопартиска логика.

„Вие не можете со сила никого да натерате (да гласа), ако од сегашната опозиција мислат дека документите се опасност за македонскиот народ. Јас не мислам така. Моја проценка е дека многу тешко ќе се дојде во овој парламентарен состав до 2/3, затоа што, колку што јас можам да проценам, опозицијата во македонскиот Парламент го чита договорот со Бугарија, односно преговарачката рамка со Европската Унија, низ партиска диоптрија“, рече Пендаровски.

Говорејќи за политичката поларизација во земјава, тој вели дека не може да се постигне консензус ни за стратешките прашања како што се евроинтеграциите.

„Двата главни политички блока се толку далеку и поларизацијата е толку голема што и јас навистина не верувам дека тука има минимум волја, пред сѐ поради однесувањето на опозицијата, да се договориме за некои две-три стратешки работи“, вели Пендаровски според кого не би помогнала ни можна лидерска средба иницирана од неговиот Кабинет.

Претседателот Пендаровски, за односите со Турција вели дека се на исклучително високо ниво и дека земјата, уште од почетокот на 90-тите години, кога ја прогласи својата независност, па сѐ до денес, секогаш добивала максимална поддршка од Анкара, која ѝ помага на патот кон нејзиното членство во меѓународните организации, но и во економската област со бројни инвестиции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.