Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Недовршениот проект за европска интеграција има последици за Западен Балкан

0
By Sashko on June 16, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војната во Украина не е позитивна за која било земја и не би кажал дека е поволна за членство на мојата земја во Европската Унија (ЕУ), порача претседателот Стево Пендаровски на панелот „Што по војната во Украина?“ во рамки на Преспа форум за дијалог што се одржува во Охрид.

„Дали војната во Украина е помош за процесот на интеграција, дали го поттикнува и олеснува членството на новите кандидати? – Не! Не може да се каже дека било која војна во светот е позитивна за било која земја. Не би сакал да кажам дека војната во Украина е поволна за членството на мојата земја во ЕУ. Треба да се разгледуваат геополитичките аспекти на европската интеграција. Ако кажеме дека има поврзаност меѓу двете работи, мораме да признаеме дека има структурни недостатоци на европската безбедносна архитектура. Ако кажеме поради тие недостатоци сега треба веднаш да почнеме да постапуваме, тогаш тоа нема да придонесе кон надминување на тие недостатоци“, рече Пендаровски.

Според мене, истакна македонскиот претседател, не е возможно Русија да ја видиме во демократските граници на Европа без или со војната во Украина, а уште повеќе поради војната во Украина.

„Кога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите навики. За мене главното прашање е што по војната во Украина? – Одговорот на ЕУ и на САД беше без преседан, нивото на единство и кохезија што се покажа во приодот кон оваа војна е без преседан. Такво ниво на единство од двете страни на Атлантикот видовме само во 1991 година во првата војна во Заливот. Не би сакал да видам никој од Европа или САД, како суштински делови на оваа Северноатлантска алијанса, да продолжи со вообичаените методи на работа, мислам на ова – по анексијата на Крим скоро сите во Европа како да заборавија за тоа, се вратија на старите теми – енергетска поврзаност и друго“, рече Пендаровски и нагласи дека во тоа време немаше никакви последици за Русија со тоа што анектираше дел од суверена земја.

Нагласи дека недовршениот проект за европска интеграција има последици за земјите кои сакаат да станат дел од Унијата и додаде дека сме 17 години кандидат за членство и со години и децении трчаме за таа цел.

„Ми се чини дека незавршениот проект за европска интеграција има последици за Западен Балкан и земјите кои сакаат во иднина да станат кандидати за членство. Можам да видам директна поврзаност меѓу незавршениот проект на ЕУ и безбедносната архитектура на стара Европа. Прво Русија со години ги поткопува нашите општества, ако зборуваме за Северна Македонија, зборуваме за хибридни закани, лажни вести особено во однос на прашањето за името. Откога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите методи повторно борејќи се против демократиите на западот со лажни вести и пропаганда, нагласувајќи дека не треба да  трчаме по членство во ЕУ или НАТО“, потенцира Пендаровски.

Да не заборавиме, додаде тој, дека ние сме само една од земјите во регионот која протера многубројни руски дипломати, само во последните 12 месеци. Половина од нив беа протерани од нашата земја уште пред да почне војната во Украина.

„Најмногу се грижам Европа да не продолжи со вообичаените методи на работа и покрај војната во Украина. Сега е замрзнато мислењето дека политиката на проширување е најуспешната политика на ЕУ, зашто членките на Унијата со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат ЕУ, а потоа да зборуваат за проширување на Унијата или во најдобар случај за прераспоред на моќта. Не можам да се потсетам на било која одлука на ЕУ која го подобрува позиционирањето на Унијата и овозможува влез на нови членки, бидејќи продлабочувањето е замрзнато, а со тоа е замрзнато и проширувањето“, истакна Пендаровски.

Претседателот на државава посочи дека целиот Западен Балкан чека да се заврши и заокружи европскиот проект, а во меѓувреме се соочува со демографска катастрофа и од 18 населението е намалено на 15 до 16 милиони што го покажуваат пописите на населението во регионот. Тоа се случува заради чекањето на земјите да станат дел од организацијата, која, како што кажа, дава гаранции за иден просперитет.

„Во меѓувреме, чекајќи го тоа нашата популација се преполови. Не е само Северна Македонија и Албанија е блокирана, а Црна Гора со години преговара без значаен напредок. Сведоци сме на појава на нови идеи за нова политичка заедница на ЕУ. Барав од колегите да ми ја појаснат суштината на оваа идеја дали се работи за Европа во Европа, за ЕУ во ЕУ и што е со земјите кои веќе имаат кандидатски статус, што е со Грузија, Украина и Молдавија. Ми беше објаснето дека се работи за политички форум за консултации, но тоа мораме да го објасниме убаво на нашите  граѓани“, потенцира шефот на државата.

Предочи дека постојано и драстично опаѓа поддршката за членство во ЕУ.

„Во изминатите 18 години јавната поддршка за членство  во ЕУ опадна за 25 проценти и  бугарската блокада на нашето членство не помогна во овој контекст. Би сакал директно да ни се каже – ова е нашиот план за вас, ЕУ да каже навистина сме сериозни во намерите за интегрирање на Западниот Балкан во економска, политичка и друга смисла инаку се повеќе луѓе ќе стануваат скептични за европскиот проект“, рече Пендаровски и додаде дека  автократските режими се повеќе се зајакнуваат во регионот.

Посочи дека автократското и диктаторското движење се во пораст во Западниот Балкан и Западна Европа, а тие, како што кажа, немаат никаква допирна точка со идејата за ЕУ. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.