Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Ниту нешто може да ни биде наметнато со сила, ниту Преговарачката рамка може да се усвои без наше „да“

0
By Sashko on June 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На историските прашања и оспорувањата за јазикот не им е место во Преговарачката рамка, оценува македонскиот претседател Стево Пендаровски, нагласувајќи дека таа не може да се усвои без наше „да“. Во врска со предлогот на француското претседателство, Пендаровски рече дека ние досега „немаме видено пишан документ“.

Во однос на Преговарачката рамка, шефот на државата во синоќешното интервју за ТВ24 нагласи дека граѓаните не треба да стравуваат, оти нешто ќе ни биде наметнато со сила.

„Да нема страв ниту еден граѓанин во државата. Не може да се изгласа Преговарачката рамка, ако ние не кажеме да. Со сила преговори под вакви услови никогаш не се случиле“, нагласи Пендаровски.

Тој во интервјуто откри и дека Софија не бара Бугарите да бидат наведени само во Преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел, потенцирајќи дека ниту една заедница во државата не е внесена во нормативниот дел на Уставот, па оттука не е можно да влезат ниту Бугарите. Во нормативниот дел на Уставот сега се споменуваат само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница.

Претседателот додаде дека вакви понижувања и потценувања какви што сме имале во последниве две години од Бугарија, не сме доживеале за 20 години преговори со Грција.

Во однос на најавата дека премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на Отворен Балкан, претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, денеска ќе одлучат дали ќе одат во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, Пендаровски го советува првиот човек на Владата да не оди на средбата, што е најавен да се одржи утре пред состанокот на Европскиот совет, на кој треба да се одлучи за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Според Пендаровски, Ковачевски нема што да бара таму, посебно што на завчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, бугарската страна изнела пет нови барања за симнување на ветото за земјава.

Инаку, нацрт-заклучоците од Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 23 и 24 јуни, сè уште се празни под точката за Северна Македонија.

Заклучоците од Самитот за проширувањето на ЕУ, сега преименувани во „Поширока Европа“, првично се занимаваат со идеите за „нова платформа“ за вклучување на сите земји на европскиот континент и продолжување на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница. Тука е споменат и Западниот Балкан, земјите од Источното партнерство и сите држави партнери на ЕУ.

Документот потенцира дека оваа „рамка“ нема да ги замени постоечките инструменти на ЕУ, меѓу другото и проширувањето.

Што се однесува до Западниот Балкан, ЕУ уште еднаш ќе ја повтори својата „целосна и непоколеблива“ заложба за членството на земјите од регионот и се стреми да повика на забрзување на процесот на нивно пристапување во ЕУ.

Нацрт-заклучоците се основниот документ што им се поднесува на лидерите и тој може да претрпи измени, зависно од исходот на политичките дебати на Самитот.

Северна Македонија, под точка 13, останува празна, со куса реченица: „преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија“ и ништо повеќе.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во понеделникот вечерта разговарале кусо за францускиот предлог и преговарачката рамка. Мнозинството земји членки сакаат да се реши спорот и да се испорача нешто за Скопје и Тирана до крајот на ова недела, но политичката неизвесност во Бугарија не дозволува преголем оптимизам кај земјите на ЕУ.

Бугарската Влада се соочува со гласање на доверба во Собранието, што првенствено го отвора прашањето кој ќе ја претставува Софија на претстојниот Самит – премиерот Кирил Петков или претседателот Румен Радев.

Освен тоа, на завчерашниот состанок дипломатите велат дека бугарскиот претставник настапил и со нови барања, меѓу кои и протоколот да биде потпишан, а не само усогласен помеѓу Северна Македонија и Бугарија и да биде дел од преговарачката рамка. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, амбасадорот не наишол на голема поддршка на состанокот, пред сѐ од оние земји кои се подобро запознаени со спорот. Барањето да биде потпишан протоколот отвора и прашања на рокови, бидејќи се мали шансите, дури и да се согласи Северна Македонија, тоа да биде финализирано до крајот на Самитот на ЕУ в петок.

Бугарската страна го повторила барањето Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија пред да се одржи првата меѓувладина конференција, а инсистирала и дека не смее да има автоматизам за одржувањето на втората меѓувладина доколку бугарските барања не бидат исполнети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.