Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски за светскиот ден на детето: ги повикувам сите клучни институции да работат на проблематиките за деца и млади

0
By Mirjana on November 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ценејќи ја мисијата на УНИЦЕФ, но и визијата и желбата за акција во периодов со кој сме оптоварени со пандемијата на ковид-19, посебно се радувам што имам можност да бидам покровител на иницијативата  „Преосмисли ја иднината“ која се состои од дискусии, консултации, работилници за и со младите. Впрочем, и денешното одбележување на денот на детето е директно поврзан со тие активности. Имено, токму трите теми за кои денес разговараме беа избрани од самите млади на почетокот на иницијативата во февруари оваа година. Подоцна во текот на летото следеа работилници на споменатите теми на кои бевме сведоци на солиден интерес и висок степен на проактивност и креативност на младите кои беа вклучени во проектот, рече во својот говор по повод Светскиот ден на детето претседателот на државата Стево Пендаровски.

Тој се осврна на состојбите со децата во светот но и дома. Квалитетното образование е невозможно без инвестирање во него, без современи наставни програми и стекнување на практични вештини. Нужно е образованието да продуцира кадри согласно потребите на пазарот на трудот. Како човек кој дел од својата професионална кариера ја поминал во образованието, апсолутно сум согласен дека без ставањето на образованието и науката на приоритетна позиција не можеме да очекуваме побрз економски развиток и севкупен општествен напредок.

Образованието, здравството, функционирањето на правната држава, заштитата на животната средина се клучот за квалитетен живот, рече Пендаровски.

Потребно е да се справиме со базичните работи како сузбивање на дивите депонии, депонирање на сметот, почитување на регулативите за загадување. Во овој контекст целосно се сложувам со мислењата на младите изразени во работилниците дека ни се потребни системски и креативни решенија за да ја заштитиме животната средина. И во овој сегмент, ќе нагласам, клучно е нашето однесување и како поединци.

Денес, додека денеска говориме, на Светскиот ден на детето, илјадници деца ширум светот умираат од глад, илјадници се без покрив над главата, без пристап до образование, илјадници како бегалци чекаат да најдат спас и подобар живот во меѓуграничните појаси, на ничија земја, во импровизирани кампови. Додека ова го зборуваме на крстосниците на нашиот главен град, но и во другите градови, имаме деца питачи, десетици деца надвор од школскиот систем, имаме и деца кои, воопшто, не се евидентирани во матичните книги на родените. Мораме да се соочиме со сите овие проблеми и да најдеме конкретни  решенија брзо. Апелирам до надлежните институции, да не дозволиме ниту едно дете да ни е на улица, надвор од образовниот систем, маргинализирано или злоупотребено, нагласи шефот на државата.

Пандемијата, за жал, покажа колку се ранливи децата и колку новата, грда реалност ги загрози нивните слободи, нивните соништа, безгрижното детство. Нека сето ова биде предизвик за сите нас, можност за еден вид ресетирање, поставување на приоритетите и суштинско вклучување на младите во процесите на одлучување.

На крајот, дозволете уште еднаш, да ги повикам сите клучни институции да работат на проблематиките за деца и млади, и заеднички да работиме на посреќна иднина. Гласот на младите мора да биде чуен и вграден во донесувањето на одлуките. Преосмислувањето на иднината мора да започне од сегашноста бидејќи без осмислување на сегашноста не можеме да ја преосмислиме ниту иднината, рече во својот говор Претседателот Стево Пендаровски.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.