Вашингтон: Американскиот Пентагон соопшти дека Северна Кореја продолжува да ја снабдува Русија со оружје, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг на брифинг со новинарите.
Северна Кореја се етаблира како водечки снабдувач на оружје на Русија снабдувајќи ја Москва со обемни воени пакети, вклучувајќи балистички ракети и повеќе од три милиони артилериски гранати. „Ние цениме дека партнерството продолжува да цвета и дека Северна Кореја продолжува да дава поддршка за Русија“, рече Синг.