Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД имаат индиции дека Украинците се тргнати во неколку контранапади.
Тој истакна дека украинските сили на југот на земјата, во близина на градот Херсон, се обидуваат да ја вратат територијата.
„Тие се бранат многу паметно, вешто и креативно на места за кои веруваат дека се вистински за одбрана. И сега видовме дека на југ, во близина на Херсон, тие се обидуваат да ја вратат територијата, наведе Кирби.